Фармацевтска индустрија – МАФИЈА што го води светот!

Банкарскиот сектор е најголемата мафија во светот, но нема поопасна и ПОЛОША БАГРА од ФАРМАЦЕВТСКАТА МАФИЈА! Ајде малку да размислиме и да се запрашаме себеси …

Кој ја пушти светската епидемија „во акција“ оваа 2020 година?  Што мислите, кој ќе го „победи“ овој невидлив непријател? И на крај, сами претпоставите кој најмногу ќе профитира и ќе заработи грдни милијарди на сметка на здравјето на народот?

Они го имаат рецептот за успех: РАЗБОЛИ ПА ЛЕЧИ! Вие мислите дека се борат за нашето здравје, а всушност упорно СЕ БОРАТ ПРОТИВ НАШЕТО ЗДРАВЈЕ!

Фино модификуван и спакуван вирус ни протнаа низ врата. Го преплашија светот да купува неброени милиони вредни суплементи, витамини и разни вештачки засилувачи на имунитетот, истовремено затворајќи не во нашите домови, знаејќи дека затворените простории се легло на сите вируси, додека здравјето се гради надвор, на воздух и на сонце! Како што ни го сместија вирусот, така некако ќе ни ја сместат и вакцината да не „спасат“ од вирусот.

Луѓе, дали вие разбирате дека со вештачки суплементи, апчиња, разни сирупи и прашоци не се гради имунитетот! ЗДРАВЈЕТО НЕ СЕ ГРАДИ ПО ВЕШТАЧКИ ПАТ! ЗДРАВЈЕТО НЕ СЕ КУПУВА ВО АПТЕКА! 

Здравјето ни доаѓа од природата. Како што здравје се воздухот и сонцето, така здравје се и вкусните производи кои природата ни ги нуди! Овошје и зеленчуци во сите форми и бои, со сите вкусови и мириси. Така се гради здравјето. Со здрава исхрана, спорт и рекреација на отворено!

Вашето тело не е научено секојдневно да зема разни витамини и минерали преку АПЧЕ! НЕ! Сите потребни материи вие ги внесувате преку исхраната, која ја градите и подобрувате со текот на годините. За истите пари за кои ќе купите една лента витамин Ц, ќе купите неколку килограми портокали! Ете ви ги витамините!

Полека но сигурно ни ги перат мозоците и ги полнат џебовите на големо од тоа.

Затоа повторувајте по мене:

ПРИРОДАТА ДАВА ЗДРАВЈЕ! ОДАМ НА ПАЗАР, НЕ ВО АПТЕКА! БИРАМ ПРИРОДНО, НЕ ВЕШТАЧКО!

Затоа што се грижиме за нашето здравје.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0