Денес е меѓународен ден на ЧАЈОТ

Денес е ден на еден од најпопуларните пијалоци во светот – ЧАЈОТ! Затоа златно кафе без кое не ни почнува денот, застани денес на страна за да помине еден од најздравите прочистувачи на организмот, лекот од природата кој несебично го чисти нашиот организам од токсини, не подига кога сме болни и не освежува во било кој период од годината, од пролет до зима.

Овој ден главно се обидува да ја подигне свеста за влијанието на трговијата со чај врз земјоделците и работниците, но него исто така го слават сите љубители на чај низ целиот свет. Дали знаете дека потеклото на чајот е во Кина? Тој најчесто се користел за медицински цели, се до 17 век кога чајот се пробил до Велика Британија. Главните видови ги вклучуваат црниот, зелениот и белиот чај, билните чаеви, улонг чајот (уште наречен „црн змеј“) и пуер чајот.

Чајот, особено зелениот чај, често се вели дека е добар за вашето здравје. Тој содржи супстанции кои се поврзуваат со намалување на ризикот од срцеви заболувања, рак и дијабетес.

Пиењето на чај исто така може да помогне во намалување на високиот крвен притисок и намалување на холестеролот. Едно истражување открило дека луѓето кои секој ден пиеле по четири чаши или повеќе зелен чај, имале 32% намален ризик од срцев удар и значително пониско ниво на ЛДЛ холестерол.

Чајот не само што помага за добро варење на храната, тој исто така го прочистува нашето грло и помага за губење на тежина. Без разлика дали пиете зелен чај или било како друг чај од билки, бидете сигурни дека ќе најдете вкус на чај кој што ќе ви се допадне. Истражете ги разновидните зелени и растителни вкусови и истовремено искористете ги здравствените придобивки од овој прекрасен еликсир на природата.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0