Мајка на 21виот век

Голема реткост е денес да видите „млади“ мајки на мали дечиња. Границата за превземање на најголемата и воедно најтешката улога во животот на една жена – станувањето МАЈКА, е поместена од 30 години па нагоре. Чест на исклучоците, но повеќето од нив се најчесто и непланирани.

Жената од овој век, гледа прво да се оствари себеси како личност, па дури потоа размислува за создавање на фамилија. Тоа себеостварување има неколку нивоа на себереализација. Што подразбираме под тоа:

– Жената мора да биде финансиски независна, односно да има примања со што нема да се доведе во ситуација да бара пари за „пар чевли“ од својот партнер. Поминало времето на „тато носи, мама меси“ и дојде времето на „мама ем меси, ем носи“. Секако тука не ја запоставуваме улогата на таткото во целиот овој процес, но факт е дека денешната мајка колку што е вредна домаќинка, толку е и посветен работник. Затоа денешните девојки најпрво акцентот го ставаат на кариера, напредок во учењето и зголемување на своите квалификации што би им донело подобри позиции, а со тоа и подобри остварувања и примања. Значи, прво се гради КАРИЕРА!

– Жената мора да го има пропатувано барем половина свет додека да дојде на ред содавање потомство. Тоа е така, бидејќи на тој пат на развивање на својата кариера, тие имаат доволно средства на својата сметка и наместо да ги трошат по кафани и кладилници, тие ги инвестираат во градење сеќавања преку посета на егзотични дестинации, незаборавни патувања и запознавајќи други култури, обичаи и начини на живот. Значи, додека се гради кариера, жената ПАТУВА НИЗ СВЕТОТ!

Едно нешто што жената заборава додека ги остварува нејзините соништа е дека ВРЕМЕТО ПОМИНУВА! Додека да се сврти од учење, студирање, додипломски, постдипломски, менување работни места и што уште не, дошла златната 30ка. Не дека е многу, но не е ни малку. Сега сте остварена, исполнета, прошетана, научена, зрела жена која е спремна да создаде семејство.

Во оваа доба, малкуте „среќни“ лесно го пронаоѓаат партнерот со кој заедно чекорат низ животот, но за повеќето тоа станува малку потешко и некако создава јанѕа на душата. Сите знаеме дека мажите се вечни деца и дека никогаш нема да пораснат. Проблемот е сега дека вие како остварена жена на сите полиња, па некако и не сте спремни да трпите нечии „хирови“ кои знаете дека не ги заслужувате. Вкусот ви се изострува а изборот се стеснува. Сега поинаку размислувате и поинаку барате. Не велиме дека ќе се задоволите со помалку, но нема ни да барате премногу. Љубов секако да, но најважно би било меѓусебното разбирање, почитувањето и секако добриот дијалог. Времињата се менуваат нели, исто како и вие.

Затоа можеби е најдобро да се најде една златна средина во целава ситуација. Нашето можеби поминало, но на ред се нашите деца да ја создаваат својата иднина. Наша задача е да им укажеме како родители на своите деца, важноста на фамилијата, не пред сè, но тука некаде помеѓу. Да не се „претерува“ во се друго во животот и најважно од се, да се најде баланс на сите активности кои би ги вклучиле создавањето семејство. Вистинските вредности во животот немаат цена, и нив треба да ги негуваме и пренесеме на идните генерации.

Затоа што децата се нашата иднина.  

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0