Што ќе ни е ИСТОРИЈА кога ќе имаме СЕКСОЛОГИЈА!?
Знаеш она кога ќе помислиш дека не може да биде полошо, и оп ќе донесат некоја нова мерка со која ќе те побијат во поим. Епа тоа ни се случува во моментов. Кога мислиш дека си на дното, испаѓа дека уште малку имаш за тонење, демек крапови сме, па во тињата да се протрљаме малце!
Да се „припојат“ (читај отстранат) историјата кон општествени науки и биологијата и хемијата кон природните науки, а воедно да се воведе сексуалното образование е ЧИСТ АПСУРД! Не можеш да отстрануваш големи и важни науки а да збогатуваш курикулум со сексуално образование. Кој црн фински модел ни го пласирате сега? Сакате децата да ни останат полуписмени и неписмени? Да не си ја знаат сопствената историја, тоа ли е целта? Зошто чепкате таму каде што не ви е место?
Историјата, биологијата и хемијата се посебни науки кои треба да се изучуваат во училиштата во Македонија. Тоа е можеби единственото нешто по кое се разликуваме од останатиот свет, во добра смисла секако. Учиме, читаме, помниме податоци кои ја збогатуваат нашата ризница на знаење и не прават тоа што сме денес, односно имаме сестрано знаење за светот околу нас и за нас!
Дел од учениците кои ги изучуваат овие предмети ќе ја пронајдат својата љубов кон некој од нив и се насочуваат кон потемелно и подлабоко изучување на истото, со што тоа во иднина им станува и професија која ќе ја работат со љубов, токму поради тоа што некој им ја пренел истата таа љубов кон конкретната област.
Ако толку децата биле преоптеретени со учење, како тогаш секое дете иде на минимум две или три дополнителни активности вон школо? Како ние сме учеле и сме имале време за се останато?
Воведете сексуално образование во училиштата за децата да научат работи кои им се потребни како би се заштитиле себеси и би останале здрави, но не ги укинувајте останатите науки!
Знаеме дека се продадовте за пари! И душата си ја продадовте! Изгубивте осет за реалноста веќе! Но нема да поминете неказнети за ова.
Не заборавајте, КАРМАТА е КУЧКА!