Зошто ЖЕНИТЕ имаат повеќе забава во животот од МАЖИТЕ
Добро прочитавте. Некои ќе речат, ма каква забава покрај еден куп обврски, садови за миење, алишта за перење, готвење, деца гледање итн итн, листата е бесконечна. Да, НО … Секогаш постои едно големо НО! Во поглед на животните активности и слободи, жената е таа која несомнено има поголеми „привилегии“ на изразување. Еве само неколку од нив:
1. Надворешен изглед од глава до пети
Жената ја има таа слобода да го изрази своето задоволство, среќа или тага, промена во животниот тек, своето алтер его, сопствената имагинација и креативност преку својот надворешен изглед. Облеката е само првиот чекор. Од женствени фустани, припиени или лелеави, кратки секси мини сукњи или панталончиња, до мажествен панталона-сако изглед, или пак најкежуал стил со фармерка, маичка, во комбинација со патика или пак штикла. Но тоа не е се (како што би рекле од топ шоп), сакате долга коса, во најразлични нијанси, бои, фризури, до кратка коса на нула или кец. Да не ги заборавиме и разните аксесоари и модни додатоци со кои може до бесконечност да си поигрувате, шминка која може да ви го смени личниот опис, до нокти зависно расположението и периодот од годината. Играта нема крај. Признајте дека повеќе се забавувате од мажите ..
Да ја земеме Блејк Лајвли како пример:
2. Жената може да добие кого сака, кога сака и колку сака!
Верувале или не, ова е жива вистина. Моќта на надворешниот изглед на една жена, па уште ако е зачинет со прекрасна внатрешна убавина е допирот на магичното стапче по кој мажот може тотално да полуди. Жената кога сака да добие нешто, нема да дозволи ништо да и застане на патот, па макар и тоа да е само од каприц, инает, или едноставно забава.
3. Жените за разлика од мажите се прифатени како емоционални суштества
Доколку сте жена и имате емоционален напад на среќа, тага, стрес, страв, гнев, радост, љубов или било која емоција која сте ја почуствувале, вие можете слободно да ги пуштите солзите да течат и никој да не ви замери, никој да не ве погледне попреку, никој да не ви префрли или осуди за постапката на искажување на вашите чувства. За разлика од жената, доколку мажот, кој од старт е таргетиран како „посилниот пол“ реши да пушти солза (иако нема, не дека не сака или дека срцето не го тера на тоа), тој се соочува со добивање на прекарот слабак или женче, осуда од јавноста, дури и сожалување, што може и те како да влијае на неговото осетливо машко его.
4. Жената ја има таа привилегија да носи во себе дел од себе и тоа цели 9 месеци!
Најважниот, најголемиот, и најблагословениот момент во животот на еден човек е кога добива принова. Оваа блажена состојба, магична убост, поврзаност од друг вид е доделена на „послабиот пол“ – жената. Тоа чувство кога носиш живот во себе кој ќе го сврти твојот живот наопаку и ќе му даде сосема друго значење е нешто кое не може да се мери со ниту една животна случка па колку и таа возвишена и совршена била. Таа врска на топлина, близина, енергија, чувство на моќ и немоќ истовремено, морално и духовно издигнување кое ќе ти даде титула – МАЈКА, богатство како ниту едно друго на свет, немерливо, недостижно, едноставно магично, е најголемата и најнераскинливата врска во светот и во целиот ни животен век.
Дали се сложувате со оваа листа … или сепак би додале уште неколку работи кон неа …
Со едно сигурно се сложувате, а тоа е дека животот е убав, за оној кој знае како да го живее!