Дали има КОКА во КОЛА?

Дали сте запознаени со фактот дека Кока-Кола во својот состав содржел кокаин? Можеби некој ќе си помисли ете од каде се раѓала зависноста на луѓето спрема овој обоен пијалок. Не се тревожете. Истата компонента е одамна исфрлена од составот на „магичниот напиток “.

Или можеби не е?

Кока-Кола е создадена 1886 година, од страна на Аптекарот Џон Пембертон, чија опсесија била да создаде совршен лек и пијалок, во една формулација.  „Драгоцен мозочен тоник и лек за сите нервни наклонетости – Главоболки, Неуралгија, Хистерија, Меланхолија … “

кокаин-кола-интрига-дали-сте-знаеле-дека-стопосто-факт

Според Пембертон, потребната доза била – 5 унци од листови кока на галон сируп; но во 1891 година, Кендлер изјавил дека неговата формула (прилично изменета од Пембертоновата оригинална формула) содржи само десетина од оваа количина. Кока-кола во еден период содржела околу 9 милиграми кокаин по чаша, кои подоцна биле отстранети.

Во 1903, една статија во ЊуЈорк Трибјун ги поврзува црниот криминал и расното насилство со кокаинот, и бара подигање правна постапка против Кока-Кола. Како што јавноста започнува да се врти против кокаинот, поради спротивните ефекти и својствата на зависност кои биле откриени, Кока-Кола очигледно ја менува својата формула од свежи листови кока, кон „потрошени“ листови – остатоци од процесот на екстракција на кокаин, каде што остатоците од кокаин се сведуваат на молекуларно ниво.

Денес, Кока-Кола користи екстракт од листови кока кои не содржат кокаин, подготвени во Компанијата Степан, во Њу Џерси.

Во САД, Компанијата Степан била единствената преработувачка плантажа која била овластена од федералната влада за увоз и преработка на растението кока, кое го добива главно од Перу и во помал дел од Боливија. Освен произведување екстракти од кока за Кока-Кола, компанијата Степан го вади кокаинот од листовите кока, кои ги продава на Малинкорд, фармацевтски производител од Мисури, која е и единствената лиценцирана компанија од САД за прочистување на кокаинот за медицински употреби.

Компанијата Кока-Кола одбива да коментира за тоа дали пијалокот Кока-Кола содржи или не содржи потрошени листови кока, повикувајќи се на тајната природа на формулата.

Тајна или не-тајна Кока-Колата била и ќе остане пијалок на генерацијата.

Сепак за вашето здравје се работи.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0