Денес е Меѓународен Ден на СРЕЌАТА

Денес, 20 Март е Меѓународен Ден на Среќата. Во овие моменти, кога заедно се соочуваме со светска криза, ајде да пронајдеме позитивен начин на кој ќе се грижиме за себеси и за другите околу нас.

Среќата e состојба на умот. Ние избираме да бидеме среќни. Видете ги само овие две дечиња на сликата. Едното плаче а е 1во место, додека другото вреска од среќа а е „само“ 3то место. Радувајте се на вашите подвизи, на вашите успеси и дејствија, бидејќи тие се случуваат тука и сега. Среќата не е одредена преку работите кои се случуваат околу тебе, туку од она што се случува во тебе. Повеќето луѓе зависат од другите за да стекнат среќа , но вистината е дека таа секогаш доаѓа одвнатре.

Среќата е начин на живот. Таа не е нешто што треба да биде освоено, туку е нешто што треба да се доживее. Потрагата по среќа запира оној момент кога ќе одлучите да бидете среќни и задоволни со она што веќе го имате. Таа зависи од начинот на кој гледате на работите. Учете од минатото, обликувајте ја иднината, но живејте во сегашноста.

Да го цениме тоа што го имаме денес и да уживаме во малите работи. Работите што всушност значат толку многу, но понекогаш во брзиот хаотичен свет во кој живееме ги земаме здраво за готово. Тоа се нашето ЗДРАВЈЕ, нашето СЕМЕЈСТВО, нашите ПРИЈАТЕЛИ, нашиот ДОМ, нашата РАБОТА.

Среќа е да научиш како да живееш со себеси. Вашата среќа не лежи во рацете на другите. Ако вие не сте среќни со себе, тогаш среќата нема да ја најдете на ниту едно друго место. Таа лежи во вас, тлее како мало жарче кое ако го пронајдете може да пламне како најголем оган кој ќе ви го осветлува патот низ животот.

Дозволете и на среќата да биде ваша ѕвезда водилка, затоа што само среќниот човек е добар човек. Среќниот човек со нетрпение го чека изгревањето на сонцето. Добро избрана вратоврска би можела да ве направи среќни, добра книга, екскурзија со мотор или со автомобил со партнерот кој ве прави среќни.

Среќата ја садиме во нас, во нашите душевни градини, во нашите срца и мисли.  Таа не се бере во туѓите градини. Таа извира од самите нас. 

 

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0