Поразителен тренд кај македонските мажи – СТЕНТ на СРЦЕ!

Дали сте запознаени со фактот дека огромен број на мажи во Македонија имаат вградено стент на срцето? Бројката е голема но и релативна, бидејќи се менува секојдневно, но реалноста е дека здравјето на мажите во Македонија е на многу ниско ниво. Ако немате вие, тогаш сигурно некој од вашите пријатели, роднини, познаници имаат еден, два или повеќе стента кои им се вградени поради нарушено здравје.

На што се должи овој здравствен проблем кој е во постојан пораст кај мажите во Македонија?

Постојат повеќе причини поради кои се добива оваа потпора на срцето, но две од нив се најголем и најчест причинител во нашата земја. Тоа се СТРЕСОТ, како непријател број еден и НЕЗДРАВИОТ НАЧИН НА ЖИВОТ кој е длабоко вграден во балканскиот ментален склоп на мажите.

 – Стрес – на работа, дома, се нема доволно пари, сметки чекаат, храна треба да се купи, деца плачат, време се нема, а додека да се завртиш годината поминала … се на се едно големо лудо тркало кое ако не научите добро да го возите, може да ве прегази без да осетите дека ви се приближило. Овој непријател на вашето здравје можеби е неизбежен, но секако можете да поработите на тоа некако да го намалите, канализирате и исфрлите, бидејќи тоа е како отров кој неуморно го труе вашиот организам.
Спортот пак од друга страна го намалува и сузбива стресот и го исфрла што преку потта, така и преку мислите кои не преокупираат. После физичката активност ќе се чувствувате како препородени а вашето срце ќе ви биде благодарно и ќе ве награди со добри мисли и ведар дух, спремни за нови предизвици полни со позитивна енергија и елан.
Најдете си хоби кое ќе ве исполни духовно, читајте книги, шетајте на чист воздух, во природа, на сонце, радувајте се на малите нешта, бидејќи тие го прават животот голем и убав.

 – Нездрав начин на живот – Хамбургери, пржена храна, зачини и сосови, многу месо, алкохол, сето тоа помешано со малку сон, затворени дома закотвени во вашата омилена фотеља со вашиот најдобар другар – далечинскиот управувач, се само дел од нештата кои водат кон нечиста крв и запушување на крвните садови.
„Кафана је моја судбина“ мора да има граници. Ние сме навистина топол народ, боемски народ кој сака да се весели, да испие која чашка повеќе со ребренце во фурна, ама сето тоа не смее да се дозволи да излезе од контрола. Мора да имате баланс помеѓу кафаната и здравиот живот, ако сакате да сте здрави нели.

Внимавајте на себе и на вашето здравје, бидејќи без здравје нема живот. Знаете дека наутро повторно ќе бидете заглавени во сообраќајната џунгла, па наместо нервоза, свирење и пцовки, пуштете си ја омилената музика и наместо да ви се качи притисокот, нека ви се загрее духот за работниот ден кој следува. Теретот и напорот на работното место не го земајте премногу сериозно, бидејќи секој момент брзо минува со или без ваш стрес. Уживајте во боемските моменти со пријателите, но нека не биде тоа секој ден. Кладилницата не е спорт. Не палете кола за секое излагање од дома, иако сте тргнале по леб до маалската продавница. Чувајте го вашето здравје, дека друго немате!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0