15 октомври 2024
ПоследноУтринско разведрување

Денес ТОШЕ ќе наполнеше 40 години

Ангел меѓу луѓето. Тоа е Тоше Проески. Тој живее во секој од нас. Неговата кротка и мила душа, неговиот милозвучен и силен глас, неговата верба, посветеност и спокој кој го ширеше околу себе, неговиот карактер и зборови кои имаа тежина, сето тоа остави голема трага која никој не може да ја избрише, порекне или заборави. Се додека го споменуваме, ги пееме неговите песни, ја пренесуваме неговата порака на следните генерации, тој ќе живее во нас.

Синоним за добрина, великодушност и пред се ЧОВЕК! Неговата аура емитираше некоја чудна магична топлина и светлина, како сонцето кое секој ден не милува по образите. И кога не зборуваше, тој зрачеше околу себе. Вечен пример кој во историјата ќе биде запишан како човек кон чии вредности треба да се стремиме, чии песни треба да не потсетат да бидеме трпеливи, сложни, и луѓе пред сѐ.

Да нема злоба, да нема омраза. Да живееме во мир и благосостојба едни со други. Да ја чуваме планетата земја бидејќи друг дом немаме. Да замре зависта меѓу луѓето, да живее пријателството и добрососедството. Тоа порачуваше Тоше. Да не ги заборавиме никогаш неговите зборови и да ги преточиме во дела во своите животи.

Тој кажа: „Верувам во Бога и единствено него можам да му се заблагодарам за дарот кој го имам, затоа што ова што го правам го сметам за мисија која Тој ја извршува преку мене. Јас сум само марионета.“

Да се потсетиме на една од неговите песни и да се подзамислиме барем на момент, што правиме, каде одиме, дали ова е најдобрата верзија од нас. Да бидеме луѓе пред сѐ.

Среќен 40ти роденден ангелу наш. Не си меѓу нас, но вечно ќе живееш во нас. Те сакаме.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0