15 октомври 2024
ПоследноУтринско разведрување

Среќата доаѓа одвнатре

Дали некогаш сте се запрашале како би изгледал вашиот живот ако сте се родиле на друго место или во друго време? Како би изгледал вашиот живот ако ја работите работата од вашите соништа, ако платата ви е поголема, ако имате фит тело, голема куќа, силно здравје, многу пари можеби? Дали сметате дека би биле посреќни ако ги имате овие работи во вашиот живот?

Дали сте среќни со животот кој го живеете?

Убавината на животот е тоа што вие можете да имате СЕ ШТО ЌЕ ПОСАКАТЕ! Не сте карпа или дрво па да не можете да мрднете од едно место на друго. Вие сте човечко суштество кое свесно ги носи своите животни одлуки и е одговорен за животот кој го живее. Ако не ви се допаѓа работата, најдете нова. Ако сакате фит тело, почнете да вежбате и хранете се здраво. Ако сакате да живеете на друго место, во друга држава каде сметате дека би биле посреќни, спакувајте се и патот под нозе. Колку и да менувате и подобрувате во вашиот живот, едно нешто нека ви биде јасно, а тоа е дека:

СРЕЌАТА ДОАЃА ОДВНАТРЕ!

Ако среќата искрено извира од вашето срце, таа секогаш ќе биде присутна и ќе ве облева со пријатни чувства на задоволство, уживање, зен. Ако ви пречи вревата на градот во кој живеете, луѓето, начинот на функционирање, мислите дека на друго место ќе нема работи кои исто така ќе ве онерасположуваат? Секаде ќе има некоја нишка за која ќе се фатите и ќе сте несреќни. Времето ќе биде променливо и врнежливо, колегите на работа нема да се погодат, комшиите ќе бидат премногу бучни, секогаш ќе сакате да имате повеќе пари, па зошто не живеете покрај море, таму климата би ви годела, ах, а да сте на планина во една магична идила итн. Всушност во секој момент нешто ќе недостига и се нешто ќе ве прави нерасположени и несреќни, а всушност вие имате се пред себе.

Затоа наместо да се жалите и да сте нерасположени што „штркот“ ве донел во Македонија, свртете се кон себеси и пробајте да го најдете внатрешниот мир и спокојство. Продолжете да се борите за повеќе и подобро утре, но на тој пат не заборавајте да живеете денес и да уживате во вашето „овде и сега“.

 

Живејте и сакајте го секој момент, бидејќи тоа е рецептот за среќа испишан длабоко во вашето срце.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0