15 октомври 2024
ПоследноПриказни од животот

ВНИМАНИЕ! Короната повторно ќе влегува во кафаните после 18 часот!

Еве ја, вистинската мерка повторно чука на нашите врати! Предлог да се затвараат угостителските објекти во 18 часот, наместо во 21 часот како што било до сега. Битката е победена, слободата надоаѓа, короната умира!

Да не беше трагично, ќе беше СМЕШНО! Маркетите, трговските центри, автобусите, казината, кладилниците КРЦААТ, ама мерки мора да се носат, колку да се има тема на муабет де. Половични мерки, никакви резултати!

Едно нешто на сите да им биде јасно, тие што и „пркосат“ на болеста и велат дека нив не ги фаќа, тие нема да се чуваат ни пред ни по 18 часот! Тој што внимава на себеси и на своите блиски, нѐ се изложува на било каков ризик поврзан со болеста. Така да тешко со меркава да се добијат некои подобрувања на моменталната состојба. Тој што решил да лумпува, само побрзо и поинтензивно ќе се „изналумпува“ и до 18 часот. 

Или е затворено или не е. Трето нема! Или граѓаните се послушни или не се. И тука трето нема. Тука само отварате простор за појаки дневни журки и шеми, бидејќи и така повеќето се секој втор ден на работа или пак „работат“ од дома.

Зошто тогаш трговските центри работат до 22 часот? Или можеби вирусот таму не влегува? Противречност од старт!

Што е со маркетите кои ќе бидат преплавени со народ кој ќе се турка, бутка и ќе сака да испазари како да е крајот на светот? Аааа да, вирусот и таму не влегува! Па во фабриките, Боже пази, таму ни празник има, ниту вирус влегува!

Вирусот е насекаде, контрола немате, народот е на раб на сиромаштија, а економијата полека навлегува во рецесија! Ах оваа наша чудесна Македонија … Ах.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0