Дали жената треба да работи ПОЛА работно време?

Многу одамна жената била таа која „седела“ дома и немала работа која носи приходи, додека мажот бил тој кој работел надвор од дома и воедно бил единствениот задолжен за финансиите во семејството. После многу долга и тешка „битка“ за еднаквост и рамноправност помеѓу половите, мажот и жената заработуваат рамо до рамо, соочувајќи се со секојдневните бизнис предизвици и економски влијанија.

Процепот се јавува во моментот кога жената започнува да работи и заработува, но обврските дома кои многу одамна и биле единствена преокупација и стануваат напоредна работа, подеднакво важна иако недоходовна.

Преку борбата за еднаквост, жената се изборила за нееднаквост!

Таа работи две работи по цена за една!

Дали тоа е синоним за еднаквост или „преломна точка“ каде жената станува свесна за својата позиција во општеството и семејството, и сфаќа дека треба да ја продолжи битката за полова рамноправност која очигледно не е завршена?

Во животот треба да се земат сите околности во предвид, особено оние очигледните.

Што велите за овој предлог:

Жената да биде вработена на пола работно време, како вториот дел од преостанатото работно време би го поминала во извршување на домашните обврски, со што би исполнувала услов да биде финансиски „наградена“ за остварување полно работно време.

Тогаш и само тогаш ќе постои полова рамноправност.

Звучи забавно, навидум невозможно, но е крајно реално и прави да се замислите, така?

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0