Најчудниот хотел на светот
Ако сте авантуристички тип и сакате да ги искусите благодетите и лудориите кои овој свет ви ги нуди, тогаш најверојатно би сакале да го посетите овој „чуден“ хотел. Подобро ќе биде ако пред посетата добро се наспиете бидејќи голема е веројатноста таму око да не склопите.
Станува збор за Propeller Island City Lodge во Берлин, каде може да букирате една од 31 ексцентрични соби.
Погледнете и самите за што станува збор:
- Собата која е наопаку! Сите работи висат наопаку од таванот, дури и погледот на прозорите е наопаку.
- Собата со огледала! Каде и да се свртиш пак те има!
- Собата за парови! Ако не сакате да спиете еден до друг цела ноќ, тогаш можете да ја спуштите бариерата на половина на креветот.
- Спиење во воздух! Наклонетиот под во оваа соба е дизајниран да добиете чувство како да летате.
- Спиење со ротација! Овој кружен кревет константно се врти така што ќе имате постојана промена на погледот додека лежите и се релаксирате.
- Собата на баба! Мебелот во оваа соба датира од многу генерации претходно и тоалетот е скриен во дрвениот гардеробер.
- Собата рудник! Тројца можат да спијат во оваа бизарна соба која има каскадно поставени легла. Како да сте во рудник, само што нема лифт во аголот.
… и секако за најхрабрите:
- Спиење во ковчег! Ако сакате можете и капакот да си го затворите за целосно искуство!
Like или Share? А може и двете ..