Не секогаш производителот е крив!

Еве една случка на која бев сведок вчера. Во еден од поголемите супермаркети кога стигнав на каса, случајно приметив дека кај мастиките беа оставени уредно запакувани свежи колбаси? Ја известив касиерката за истите и тие веднаш беа вратени таму каде што им е место, во фрижидерот за свежо месо.

Прашањето останува: Кој ги оставил таму и зошто?

Во овој случај претпоставката е дека одреден потрошувач, ги земал за да ги купи, но во последен момент се предомислил и ги оставил таму каде што ги оставил. Свесно или несвесно, овие свежи производи од тој момент се оставени да стојат на место кое не е прикладно за нивно чување и истите имаат ризик да бидат расипани иако се во рок на употреба. Но потрошувачот е секогаш во право, нели?

Во овој случај тоа не е така. Некој работел за да го создаде тој производ, уредно да го запакува и достави спремно за продажба. Но некој друг, несовесен и крајно безобразен, со еден ваков чин ќе ја доведе во прашање исправноста, контролата, рокот на траење, како и квалитетот на производот, а со самото тоа и производителот.

Значи до народот е. Секој од нас треба да биде свесен за своите постапки. Треба да го почитуваме туѓиот труд и да се однесуваме со почит спрема другиот исто како што би сакале да се однесуваат спрема нашиот труд. Бидете свесни дека со ваквиот навидум небитен чин, можете на некого да наштетите. Ненамерно, несвесно, од мрза, од немарност. Не е во ред. Размислете друг пат пред да направите вакво нешто. Може кога ќе дојдете нареден пат, истите тие да ги купите. Кармата е опасна работа. Затоа со разум нареден пат.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0