Суперхрана – ГОЏИ

Популарни меѓу славните, од Мадона до Миша Бартон, гоџи бобинките се користат во кинеската медицина повеќе од 6,000 години.

Овие смежуркани црвени бобинки го зајакнуваат имунолошкиот систем и мозочната активност, штитат од разни болести и го подобруваат животниот век. Гоџите содржат витамин Ц, витамин Б2, витамин А, железо, селен и други антиоксиданти (особено полисахариди).

Гоџи бобинките се користат во Тибет повеќе од 1,700 години. Тибетанската медицина ги вклучува овие бобинки во третмани при проблеми со бубрезите, црниот дроб, за намалување на холестеролот, намалување на крвниот притисок, чистење на крвта, проблеми со очите, осип на кожата, псоријаза, вклучително и депресија, несоница, дијабетес и туберкулоза.

Goji

Интересен е фактот што луѓето од Тибет ги користеле гоџи бобинките да го продолжат животниот век и како тоник за зајакнување на општата здравствена состојба. Постојат годишни прослави кои се одржуваат во чест на овие чудесни бобинки. Многумина од луѓето кои од овие и други краеви на светот редовно ги конзумирале овие бобинки се познати по тоа што живеат преку 100 години и тоа без здравствени проблеми. Многу од луѓето кои сега јадат гоџи бобинки на дневна основа забележуваат подобрување на видот, обновување на бојата на косата, подобрување на расположението, значително подобрување на нивото на енергија, подобри навики за спиење, зајакнат имунитет и зголемен животен ентузијазам.

goji-berries-superfood-health-food-benefits-3

Повеќе од причина плус да ги конзумирате овие чудотворни бобинки се и следните факти:

  • Гоџите содржат 18 аминокиселини, вклучувајќи ги и 8те есенцијални аминокиселини,
  • Еден од највисоките извори на антиоксиданти (има ефект на анти-стареење)
  • Поседува околу 180% од дневната препорачана доза на Витамин А во само една порција од 30 грама
  • Богата е со Витамин Б, и тоа Б1, Б2 и Б6
  • Содржи Витамин Е, што е реткост кај овошјето
  • Содржи повеќе Витамин Ц од портокалот15 пати повеќе железо од спанаќот, 15% повеќе протеини од пченицата
  • Го намалува холестеролот и е најбогатиот извор на каротеноиди од сите познати видови храна
  • Поттикнува чувство на благосостојба и оптимизам – по што се познати како „Среќни бобинки“
Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0