15 октомври 2024
ПоследноПриказни од животот

Дали животниот баланс е обичен ХИПОКРИТ?

Дали некогаш сте се запрашале зошто на светот постојат лоши работи? Кога постои ДОБРО, мора ли секогаш да постои ЛОШО? Дали тоа е начинот на кој што се прави балансот во животот, или ние сме креатори на сопствената судбина?

дали-животниот-баланс-е-обичен-хипокрит-стопосто-сторија-забавни-факти-1

Само размислете … Постои вистина и постои лага. Постои љубов, но исто така постои омраза. Живееме во мир но постои и војна. На светот постојат екстремно богати но и крајно сиромашни луѓе. Некои градат а некои рушат.

Постои раѓање на нов живот, но постои и абортус. Се склопува брак но се потпишува и развод. Ние сме здрави но сепак се разболуваме. Се смееме и плачеме. Среќни сме, но понекогаш сме и тажни. Се раѓаме млади и убави, но умираме стари и збрчкани. После животот доаѓа смртта. Кажуваме ДА но кажуваме и НЕ.

Уживаме во природата која ни дава сонце, ветер, дожд, снег, но мајката природа ни дава и урагани, торнада, земјотреси, цунамија. Ние ги сакаме животните и нивната дива природа бидејќи тие се предодредени да трчаат слободно, но сепак ги затвораме во кафези и во зоолошка.


Дали ХИПОКРИЗИЈАТА на ЖИВОТОТ е „креатор“ на БАЛАНСОТ?

Далај Лама рекол: „Љубовта е отсуство на осуда.“ Тоа е така бидејќи ние избираме површно наместо духовно. Визуелна убавина наместо внатрешна доблест. Кога би ви понудиле да бирате помеѓу изглед како модел на Victoria’s Secret или внатрешен мир како Далај Лама, кој би бил вашиот избор?

Прочитајте ги внимателно неговите мудри зборови: „Постои само една важна работа која мора да ја запомните и да и дозволите да биде ваша водилка. Без оглед како луѓето ве именуваат, вие сте тоа што сте. Држете се до оваа вистина. Морате да се запрашате себеси како би сакале да го живеете животот. Живееме и умираме, и тоа е вистината со која можеме само сами да се соочиме. Никој не може да ни помогне, дури ни Буда. Затоа размислете внимателно, што ве спречува да го живеете животот на начин на кој вие сакате?“

„Стари пријатели си заминуваат, нови пријатели се појавуваат. Исто како и деновите. Минати денови заминуваат, нови денови доаѓаат. Најважно од се е да го направите значајно: значаен пријател или значаен ден.“дали-животниот-баланс-е-обичен-хипокрит-стопосто-сторија-забавни-факти-2

Тајната е во внатрешниот мир: Доколку имате внатрешен мир, надворешните проблеми нема да имаат влијание врз вашето длабоко чувство на мир и спокојство … без внатрешен мир, без оглед на тоа колку комфорен е вашиот живот материјално, сеуште можете да бидете загрижени, вознемирени или несреќни поради одредени околности.“

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0