ДЕЦАТА се најголемото богатство во животот!

Во животот не постои поголем благослов, предизвик или богатство од нашите деца. Животот се состои од милион разни авантури, преземени ризици, како и донесени одлуки кои ја даваат и менуваат насоката на движење на нашиот животен пат. Сите овие патешествија и животни лекции добиваат сосема нова димензија кога имаме на кого да ги пренесеме, кога имаме кого да подучиме и насочиме низ патувањето наречено – ЖИВОТ!

Кога детето ќе пристигне во вашиот живот знајте дека тоа е најубавото нешто што може да ви се случи како човек. Во тој момент има нешто поголемо, позначајно, поважно од вас самите. Тоа е ваша крв, ваша гордост, ваша најголема љубов, едно мало суштество кое ќе го сврти вашиот живот за 360 степени, после кое никогаш нема да бидете исти, туку подобри, поголеми, помудри, знаејќи дека сте одговорни за тоа мало човече покрај вас.

Некои од вас ќе речат чекајте, се нема услови, се немаат пари, каде ќе се живее, ајде прво да се обезбеди стан, па да се заштеди за годините што следат, незнаејќи дека чекајќи да се обезбеди нешто што секојдневно се троши, единствено нешто што проаѓа се токму тие – годините, кои никогаш нема да се вратат.

Се во животот се создава тековно, секој дел од куќата се гради дел по дел, соба по соба, спрат по спрат. Некогаш коцките во животот се редат порано, а некогаш и подоцна. Важно е да верувате во себе, да уживате во убавините кои животот ви ги нуди и да се радувате на секој нареден ден кој доаѓа.

Раѓајте дечиња, затоа што тие се најголемото богатство кое овој живот може да ви го понуди. Создавајте поколенија и увидете ја безграничната радост и убавина која тие ја носат. Дозволете им да ви ја исполнат душата со радост, срцето со љубов и животот со смисла. Децата се нашата иднина.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0