ЉУБОВТА е …

Љубовта е парадокс, исто како и луѓето.

Љубовта е имагинарна, но е најреалното нешто кое расте во нас.

Љубовта е слатка, но може да биде и најгорчливото нешто кое некогаш сте го пробале.

Љубовта е нежна, но сакаме кога таа е груба.

Љубовта е едноставна, но е најкомплексниот микс што постои.

Љубовта е среќа, но ги предизвикува и најтешките солзи.

Љубовта боли, но и лекува.

Љубовта е чиста, но знае да биде и многу валкана.

Љубовта е безусловна, но сепак поставува многу услови.

Љубовта е слобода, но е најголемата обврска од сите.

Љубовта е доверба, но и извор на љубомора.

Љубовта е како оган, но знае да биде ладна како лед.

Љубовта е лесна, но понекогаш знае да биде толку тешка.

Љубовта е убавина, но доаѓа заедно со ѕверот.

Ние живееме за љубов и љубовта живее во нас.

Љубовта е живот.

Да љубиш значи да живееш. 

Љуби. Денес, утре, засекогаш.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0