Ивона Јовановиќ проговори јавно за ДЕБЕЛИНАТА и нејзината сурова реалност

Дали верувате во паролата „Дебели ама Среќни“? Дали дебелите луѓе постојано сонуваат да бидат слаби или сепак се чувствуваат добро во својата кожа? Дали сметате дека дебелината е еден вид на модерна „болест“ или е нормална појава во денешницата?

Јадењето дебелее. Брзата и нездрава храна дебелеат. Дали сте виделе некоја реклама на која дебел човек јаде голем хамбургер со помфрит? НЕ! Затоа што ако видите такво нешто, може да ви светне сијаличката во глава и да подразмислите уште еднаш дали да го купите тој хамбургер, од проста причина што не сакате да изгледате така. Тоа е суровата реалност, прифатиле вие или не.

Паролата вели: „Дебели ама Среќни“. Дали некогаш сте се запрашале зошто нема „И“, туку „АМА“ помеѓу тие два збора? Можеби затоа што некако не одговараат еден со друг. Или онаа другата: „Ние дебелите ќе ослабиме, ама вие глупавите што ќе правите?“ Испаѓа ние дебелите сме супер, среќни, без проблем, ама чекајте да видите кога ќе ослабиме, тек тогаш ќе не видите правите нас. Значи во позадина сепак постои таа искра надеж дека иако сме дебели, еден ден сепак ќе ослабиме.

Да не се разбереме погрешно, СРЕЌАТА доаѓа одвнатре. Ако еден човек е слаб, тоа не значи дека е среќен, и обратно, ако е дебел дека е несреќен. Имајте во предвид дека и ако човек е слаб, тоа не значи ниту дека е ЗДРАВ, бидејќи може се само генетски предиспозиции во прашање.

Човек не треба да се срами од своето тело и треба да се облекува како што се чувствува. Но истовремено, треба секогаш да се стреми да биде ЗДРАВ, одвнатре и однадвор. За дебелината на светската нација не се виновни само производителите, продавачите и рестораните кои служат брза храна. Виновни сме НИЕ кои потклекнуваме на билбордите, рекламите, мирисите кои се шират од пекарите, иако знаеме како тие влијаат на нашето тело и пред се на нашето здравје!

Не смееме да дозволиме сетилата за мирис и вкус да бидат помоќни од „сетилото“ за здраво расудување и одлучување, нашиот господар – МОЗОКОТ!

Затоа, прифаќање на себеси е едно големо ДА, но и постојаната работа за подобрување на нашето физичко и психичко здравје е уште едно ПОГОЛЕМО ДА!

На овој текст не поттикна – Ивона Јовановиќ,  девојката која настапуваше на „Ѕвездите на Гранд“ каде ја маѓепса публиката со нејзиниот милозвучен и јак глас, но истовремено беше и отворено критикувана дека треба драстично да ослаби, доколку сака да има кариера каква што нејзиниот глас и појава заслужуваат.

Еве што напиша таа на својот инстаграм профил:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)

Имаме само еден живот на располагање. Од нас зависи како ќе го поминеме. На крајот на денот најважно е да се запрашаме дали ние сме среќни со себеси или можеме да создадеме и подобра верзија од себе.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0