Само СПОРТ сплотува МАКЕДОНЦИ!
Ја знаете онаа српската: „Само слога Србина спасава“, епа тоа кај нас би било: „Само СПОРТ сплотува МАКЕДОНЦИ“! Како што еден спортски натпревар, било да е успех или не, што во овој случај е огромен успех, бидејќи Македонија конечно доби ДАТУМ за влез во Европа на првенство во фудбал, го сплотува народот како едно, никој не го прави тоа подобро!
Спортот е здравје, лек од природата, мелем за душата, сила за срцето. Спортот изнудува емоции, љубов, солзи, радост, сплотува нации, генерации, изнудува овации!
Голем наклон и огромно БРАВО за фудбалерите кои не сплотија во овие темни времиња. Ако нешто беше потребно за подигање на духот на Македонецот, тоа е секако една ваква голема историска победа, ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА! Ви благодариме што ја вративме насмевката на нашите лица, што ни донесовте среќа и топлина во нашите домови и што не направивте ГОРДИ што сме МАКЕДОНЦИ!
Уште еден наклон даваме за коментаторот Тони Стојановски, кој верувам дека говореше од името на сите нас, на сите Македонци, реално, вистинито, гордо исправено! Мед течеше, оган гореше, срца полнеше додека ја зборуваше вистината за историјата, сегашноста и иднината на нашата татковина, нашата една и единствена Македонија!
Од секогаш сум бил и засекогаш ќе бидам ГОРД што сум Македонец! Спортот нема име, вера или нација! СПОРТОТ Е ЗДРАВЈЕ! СПОРТОТ Е ЉУБОВ! СПОРТОТ СМЕ НИЕ!
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!
Мартин