Полициски час е АПСУРДНО решение!

Чиста бесмислица, апсурд, тотална нелогичност е да се воведе полициски час од 17 или 18 часот! Кој се најде толку досетлив за повторно да ја воведе оваа мерка во Македонија?

Дали се сеќавате што донесе овој полициски час пред некој месец кога беше во сила? Долги редици пред маркетите, аптеките и банките, нервоза и бес кај народот кој брза да стигне да испазари пред да се врати дома, заглавени во километарските сообраќајни редици по улиците, ете тоа донесе!

Автобусите се преполни а возниот ред намален. Тоа треба да го средите! Тоа е мерка која треба да ја воведете. Повеќе автобуси ќе донесат поголема растеретеност на истите и потребната дистанца ќе биде запазена.

Спортот е основа на секој здрав човек! Ако го воведете полицискиот час тоа значи дека СИТЕ НИЕ ќе бидеме спречени да спортуваме! Притоа не зборуваме за вежбање на отворено, бидејќи никој нормален не спортува надвор свесен дека ќе ги вдишува отровите со кои дополнително не труете! Ќе затворат теретаните, спортските сали, студијата за вежбање, танцовите клубови и сите останати организации и инситуции од ваков тип, кои кај не одржуваат во форма и го билдаат нашето здравје, тие ќе останат без работа, без приходи потребни за живот и ќе бидат приморани да затворат! Зошто, бидејќи тие работат во попладневните часови, било да станува збор за повозрасни или за деца. Возрасните одат после работа да се рекреираат и да ги исфрлат сите „отрови“ како физички така и психички од себе, или пак да ги однесат своите деца на танц, пливање, или било кој друг спорт со кој се занимаваат кои се и те како важни за нивни добар психофизички развој.

Дозволете ни да спортуваме, бидејќи тоа не одржува здрави и нормални во ова ненормално време!

Каде се тука угостителските објекти кои и сега едвај врзуваат крај со крај, а замислете кога ќе ги затворите во 17 часот. Што ќе се случи тогаш со тие сопственици и вработени? Од што ќе живеат и преживуваат? Вие ли ќе им носите храна на трпезите или ќе им ги плаќате заостанатите сметки? Или можеби повторно ќе им обезбедите поволни кредити, па нека рмбаат цел живот за да ги вратат!

Не ви чинат мерките! Контрадикторни сте самите со себе, затоа народот се буни! Ние сакаме оваа чума на 21виот век да исчезне, но со ум и со разум, а не преку небулози со скриени намери! 

ДА за мерки, но осмислени за заштита на нашето здравје, а не негово дополнително нарушување проследено со економски колапс, осиромашување и задолжување!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0