КОВИД Пандемија – Биолошка војна за нов светски поредок!

КОВИД 19 – Вирус кој го промени начинот на живот во целиот свет. Маски, дистанца, затворени локали, затворени граници, тестови, позитивни, негативни, страв, паника, депресија, принуден домашен притвор!

Теории на заговор за тоа кој го пуштил и дали некој го пуштил вирусот, која е целта и зошто му се случува оваа чума на 21 век на светот, секој од нас се прашува. Веруваме дека секој од нас досега си има воспоставено некоја можна теорија за причината на оваа биолошка војна која му е објавена на светот. Од сите можни сценарија, согледувајќи ги сите страни, факти и идни решенија кон кои се движи човештвото, ние би издвоиле две, кои веруваме дека се многу блиску до вистината, ако не се и самата вистина.

1. „Растеретување“ на планетата Земја

Поради пренатрупаност на земјата, пренаселеност, претерано трошење на сите можни ресурси кои таа ни ги дава, како и глобален прекумерен конзумеризам и СВЕСНО водење на земјата кон пропаст, некој некаде одлучил дека треба малку да се ослободи земјата од „непотребниот“ товар кој таа го носи.

Кој друг ако не постарата популација, која повеќе не е потрошувач како во младите денови, просто кажано не купува нови фрижидери, телевизори, не троши пари по ресторани, кафулиња, не оди на скапи патувања, туку едноставно е на „грб“ на државата, која секој месец уредно и навремено треба да обезбеди парични средства за нив.

Тоа што овие луѓе целиот свој живот макотрпно работеле, трчале секој ден за да обезбедат за себеси и семејството приходи за пристојна живеачка, за еден ден мирно да се пензионираат и да одморат од сите животни маратони, тие се соочуваат со оваа ситуација! Жално но вистинито.

2. Десоцијализација на човештвото преку преминување од РЕАЛНИОТ во ВИРТУЕЛНИОТ свет

Наместо на  училиште со физичко присуство позади старите добри клупи, децата и младите се „затворени“ пред своите компјутери, следат настава, и УЧАТ ЗА ЖИВОТОТ затворени помеѓу четири ѕида!

Целата комуникација и интеракција се одвива позади плавите екрани, легнати во кревет, во пижами, надвор од вистинскиот свет, со постепено губење на чувството за потреба да се стане рано наутро и да се започне со денот онака како што вистински треба.

Но приказната не завршува тука. Како да не беше доволно што децата учат од дома, сега уште и ќе се воведуваат он-лајн учебници од кои ќе се учи! Кај седат цел ден на компјутер поради настава, сега ќе седат и додека учат и читаат! Ова не води само кон десоцијализација на младите, туку и до нарушување на нивното здравје, не само менталното, туку и физичкото здравје, искривување на рбетот од претерано седење пред компјутер, оштетување на видот, зголемување на телесната тежина, и уште мал милион негативни работи кои ќе се јават како последица на овие идни „неопходни“ решенија, бидејќи како што кажа Царовска, децата не бараат одговор во книга, туку бараат на интернет! Децата назад на училиште! Учење стриктно од книги! За нашите деца и нивната иднина се работи!

Тешки и чудни времиња дојдоа. Ни ја зедоа слободата, но да не дозволиме да ни го земат и здравиот УМ и РАЗУМ! Да мислиме со своја глава и да знаеме кога да кажеме СТОП, затоа што како тргнале, нема да сопрат додека некој не дигне рачна кочница!

За СЛОБОДА, за ЗДРАВЈЕ!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0