На народот му треба ЛИДЕР!!!

Нè секој е роден за лидер. Нè секој е роден за говорник. Нè секој може да го искаже она што длабоко го чувствуваме повеќето од нас во себеси и со тоа да го подигне моралот, свеста и борбеноста во народот. Нè секој е роден да поведе толпа и да ги пренесе на вистинскиот начин мислите и уверувањата кон кои тежнееме. Затоа и не треба на секој да му се даде микрофон, ниту пак право на збор.

На народот му треба ЛИДЕР!

Некој што не користи погрдни и прости зборови. Некој што знае соодветно да се изрази без да предизвика омаловажување и исвиркување на највисоките професии кои се борат за нашите животи. Некој што не сака фотелја ниту пак копнее по политички поени. Некој што ќе го поведе народот во извојување победа и остварување на основните човекови права, кои секојдневно безкрупулозно ни ги одземаат.

Доста ни е од грабање на микрофони и буткање на бини. ДОСТА Е! Се залагаме за едно, но таа порака мора некој ИЗБРАН ОД НАРОДОТ да ја пренесе во етерот, со што ќе постави цврсти темели на кои сите сплотено ќе застанеме, против тиранијата која ни се сервира, против бесмислените постапки, апсурдни мерки и решенија, против насилното наметнување на нечија платена стратегија, ЗА НАС, за нашата и иднината на нашите деца.

Да не дозволиме некои ојлевци, партиски ботови, и разно разни ликови да ни ја уништат мисијата. Да се избориме за своите права, но со добра организација и заедно сите во акција. Народот има толку многу интелектуалци, добри говорници и позитивни истомисленици кои се длабоко запознаени со целата ситуација во која сме присилно втурнати, кои треба да го направат тој чекор напред, да застанат чекор погоре на бината пред целиот македонски народ и да го кажат нашиот заеднички став. Покажете храброст и поведете не во победа!

ЕДЕН за СИТЕ, СИТЕ за ЕДЕН!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0