Типичен „МАЧО“ Балканец за кој нема НЕ! Провокација или Пациент?

Интернетот е едно глобално „село“ каде секој може што сака, кога сака, и колку сака да кажува и советува, односно народски кажано, да „соли“ памет. Светот оди напред, како технологијата, така и размислувањето кај народот се менува во една прогресивна линија, на чело со бришење на поделбата на посилен и послаб пол помеѓу мажите и жените.

Но не секаде е тоа така, а особено не на нашите балкански простори, за жал. Тука жената иако работи и заработува, дали помалку или повеќе од мажот небитно, чува, расте и воспитува деца, одржува цело домаќинство, таа е етикетирана како послабиот пол! Секако ова размислување го имаат само одреден дел од мажите, кои за жал себеси сакаат да се сместат во „посилниот пол“, од причини само за нив познати. Не навлегуваме во идеологијата на овие „посилни“ мажи, бидејќи тоа е сепак отварање на една фикција во нивната глава која потекнува од начинот на кој се израснати, па се до улогата и ликот на мајката во нивните очи.

Можеби некои ќе речат дека изјавата на овој познат српски јутјубер е чиста провокација за зголемена гледаност, што очигледно е постигната, бидејќи целиот регион слушна за него преку ноќ, но од друга страна неговиот став, говор и начин на изразување кажува дека тоа што го зборува е навистина негово размислување.

Погледнете го видеото:

Жената не е СЕКС ОБЈЕКТ како што тој кажува, и тоа кажува многу за него како личност и како тој ги гледа жените околу себе, ама здравје ако во животот добие ќерка ќе видиме како тогаш ќе размислува или дали сеуште ќе биде на тој став.

НÈ значи НÈ! Ако жената ви ја дала својата доверба, па иако дошла навечер во вашиот стан, тоа во никој случај не значи дека дошла со некои задни намери, и доколку ве одбие во вашите барања, вие треба да се ВИСТИНСКИ МАЖ и гордо да го прифатите тој одговор и доколку вреди да се трудите околу таа личност  да продолжите со додворување, во спротивно продолжувате понатаму, без инсистирање и во НИКОЈ СЛУЧАЈ нејзиното НЕ за вас да значи ДА, бидејќи тоа е НАСИЛСТВО за кое можете кривично да одговарате!

А на дотичниот јутјубер би му порачале да се спушти малце на земја и да преземе одговорност за сопствените зборови, бидејќи штом луѓе го следат и слушаат, тогаш тој како лик е одговорен за тоа што го кажува и неговите зборови може да предизвикаат последици за кои всушност ТОЈ БИ БИЛ ВИНОВЕН бидејќи ги поттикнал! Апелираме неговиот случај да се разгледа од надлежни институции и ваквиот говор строго да се забрани и санкционира, бидејќи отворено повикува на НАСИЛСТВО и одобрување на ПОСТАПКИ за кои може и во затвор да се лежи!

БРАВО за водителката која го напушти студиото, затоа што самото седење во една иста просторија со човек со вакви „напредни“ размислување е ПОД СЕКОЈА ЧЕСТ!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0