11 октомври 2024
Здравјето пред СЕ

Природен лек за синуси

Синусната инфекција се јавува кога отекуваат синусите, што го спречува природното цедење, односно доведува до болка, притисок и отежнато дишење. Во продолжение ќе прочитате неколку лека кои на природна база без користење на антибиотик можат да ви помогнат при лечење на синусите.

  • Природен лек за синуси со РЕН

Навечер, пред спиење, на топла рингла ставете една лажица изрендан корен од рен. Покријте ја главата со голем пешкир, наведнете се и вдишете го чадот. Повторете ја постапката најмалку 5 последователни дена.

  • Инхалација на синуси со КОПАР или со БОСИЛЕК

Ставете 3 големи лажици копар (или босилек) во еден литар зовриена вода и варете најмногу од 2 до 3 минути. Ставете го тенџерето на маса, покријте ја главата со пешкир и вдишувајте ја врелата пареа најмалку 15 минути. Оваа техника применувајте ја навечер пред спиење и немојте ни случајно да излегувате надвор или да бидете изложени на промаја по направената инхалација. Со помош на овој метод се ублажува синузитисот во рок од 7 дена.

  • Чај од ЛИМОН и ЦИМЕТ за синуси

Овој чај од лимон е одличен лек за синусна главоболка. Потребни состојки се:

  • 1 лимон
  • 1 до 2 каранфилчиња
  • 1/2 лажичка цимет
  • 2 лажички шеќер

Подготовка: Исечете го лимонот на кругови, додајте 1/2 литар вода, каранфилчето, циметот и шеќерот. Оставете да врие околу 5 минути. Процедете и ставете во шолја. Пијте со помош на лажица, како супа, лажица по лажица што потопло тоа подобро, но пазете да не биде премногу жешко.

  • Инхалација со мешавина од зачини
  • бел лук во прав
  • црн лук во прав
  • жалфија
  • мајчина душица
  • каранфилче
  • цимет
  • неколку семенки ким

Припрема: Земете еднаква количина од секој од наведените состојки. Направете мешавина од нив. Кога водата во тенџерето ќе зоврие, додајте 2-3 лажици од мешавината. Вдишете од врелата пареа со ставен пешкир преку глава.

Природата секогаш го има одговорот.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0