Дали и Вие го прележавте Корона вирусот?
Статистиките за заболени со Корона вирусот во Македонија покажуваат дека околу 85.000 тестирани граѓани се или биле позитивни на вирусот. Дали верувате во овие бројки кои се сервираат или знаете дека тие се многу многу поголеми од тоа што се прикажува? Дали Вие и многумина околу вас го имате прележано вирусот, со тоа што не сте се тестирале за да ви го потврдат она што веќе го знаете?
Едно е сигурно, а тоа е дека вирусот е присутен и ќе биде присутен и во иднина. Тоа што разни болни умови лабараториски ни го протнаа меѓу нас поради одредени „мрачни“ цели кои само тие ги знаат, тоа е веќе тема на друг муабет. Реалноста е таа која е, односно дека секој од нас порано или покасно ќе го прележи барем еднаш овој вирус, со надеж без фатални последици.
Јас и целата моја фамилија го прележавме вирусот. Моите роднини и пријатели, скоро 80% од нив исто така го прележаа вирусот, од кои некои се тестирале а некои не. Со кого и да правам муабет тоа се сведува на фактот дека и поширокиот круг на пријатели веќе го прележале овој вирус. Фала му на Бога, сите се тука и сите се на број што е најбитно.
За жал повеќето од постарите лица кои дошле во контакт со вирусот и останатите кои имале и други хронични болести, не ја победиле битката со овој непријател. Тоа укажува на многу факти кои наведуваат на одредени заклучоци, кои верувам дека и вие ги имате донесено околу овој „мистериозен“ вирус.
Лабараторијата пушта вирус, лабараторијата ќе не лечи против него. Фармацевтската индустрија цвета и штанца милијарди на своја сметка. Прво не заразува, па не лечи со разни суплементи и антибиотици, за на крај да не вакцинира и доживотно да го пушти во употреба чудотворниот лек кој најверојатно ќе го примаме секоја година, бидејќи никој не знае дали има ефект, колку трае, како сме заштитени и дали воопшто сме заштитени.
Знаете ли што беше најстрашно додека цела фамилија бевме болни? Целото тоа труење кое медиумите ни го сервираат, моментот на таа црна игра со психата, поради секојдневните мрачни сценарија кои ги обземаат нашите мисли. Ако нешто те боли додека го прележуваш вирусот, тоа е ПСИХАТА!
Маркетиншки така добро е поткован овој вирус, да иако имаш блага температура и малку поткашлуваш, некаде длабоко во мислите те јаде однатре и ти ја нагризува душата, токму поради оваа со умисла црна натрупаност на сите медиуми. Тоа се паника, напади, борба со умот. Екстремна сервилност на вештачки подметната илузија која ја извитоперува човековата психа со намера насочување кон поголема цел.
Тоа е иднината драги мои. Нема потреба од оружје и фронтови за да се збрише дел од популацијата. Се е наука, лабараторија, профит. Големи умови за големи недела. Затоа бидете ми живи и здрави и уживајте во животот кој е пред вас, затоа што ни сам Бог не знае она што човек е спремен да направи. Бидете љубов и ширете добрина.