Вкусни Бајадери од РОГАЧ
Денес ви претставуваме една намирница која потекнува од уште од библиско време и се користела во исхраната повеќе од 4000 години. Потекнува од фамилијата махунарки, саморастечко дрво кое расте меѓу маслини, шуми и каменести места – РОГАЧ!
Зошто баш рогач? Затоа што во својот нутритивен состав тој содржи: јаглено хидрати, околу 80%, витамини А, Б, Б2, Б3 и Д, големи количини на калциум, фосфор, магнезиум и калиум, како и помали количини на железо, манган, бариум, бакар и никел. Звучи како супер-храна нели …
За промена, наместо рецепт за доручек, смути или друг облик на „здрав оброк“, денес ќе ви покажеме како да направите превкусен десерт, секако со рогач во главна улога.
РОГАЧ БАЈАДЕРИ
Потребните состојки се:
- 1 чаша сирови бадеми
- 1/2 чаша суво грозје
- 1/2 чаша урми
- 2 лажици гоџи
- 1 лажица рендан кокос
За глазура ви се потребни:
- 1/2 чаша рогач во прав
- 1/4 чаша кокосово масло
- 1/4 чаша агавин сируп
Подготовка: Ставете ги состојките во блендер како би добиле фина хомогена смеса. Вака добиената смеса распоредете ја во стаклен сад и оставете ја во фрижидер околу 1 час до час и половина како би се стегнала.
Направете ја глазурата со која ќе ја прелиете стегнатата бајадера. Така подготвена ставете ја повторно во фрижидер околу 1 час да се стегне.
Откако бајадерата ќе биде спремна за послужување, исечете ја на коцки и единствено што ви преостанува е да уживате.
На здравје!