Домашни брзи путер колачиња
Има ли нешто поубаво од домашно направено? Секако дека нема. Во брзиот живот кој сите ние го живееме ретко кој има време да си направи нешто од старите рецепти кои нашите родители, баби и дедовци ги правеле, но еве да речеме дека за време на викенд, особено сега во очи на празниците, ќе се потрудиме и ќе се осмелиме малце да ја „растуриме“ кујната.
Брз рецепт кој нема да ви одземе ни 5 минути, а на кои вие и сите околу вас ќе се радуваат како мали деца, бидејќи поголемите ќе ги одведете на патување низ минатото, кога домот ни мирисал на тазе печени колачиња, особено во топлите зимски ноќи, а помалите ќе бидат воодушевени од целиот процес од почеток до крај, особено ако им дозволите да ги засукаат ракавите и да учествуваат во подготовката.
Потребните состојки се:
- 225 гр путер
- 220 гр шеќер
- 1 и половина мало лажиче екстракт од ванила
- 1 јајце
- 450 гр брашно
- прашак за пециво
- мало лажиче сол
Загрејте ја рерната на 180°C и обложете две тави со хартија за печење. Со миксер матете ги путерот и шеќерот во голем сад додека смесата не стане кремаста (околу 1 минута). Додадете ги јајцето и ванилата и продолжете да матите додека состојките не се соединат. Време е да ги додадете брашното, прашокот за пециво и солта. Матете полека додека смесата не стане компактна.
Посипете ја работната површина со брашно и на неа истурете ја смесата. Поделете ја на два дела и расукајте ги до дебелина од околу половина сантиметар, истовремено посипувајќи брашно одозгоре како не би се лепело тестото.
За украсување можете да ги потопите во топено чоколадо, помеѓу две колачиња да ставите од вашиот омилен џем и секако одозгора да наросите шеќер во прав.
Уживајте во деновите и празниците кои следуваат.
Нека замириса на љубов …