Вонредните мерки против загадувањето запираат ДЕНЕС!

Откако пред некој ден од град Скопје беа објавени вонредните мерки кои вклучуваа бесплатен јавен превоз и поскапен паркинг, денес веќе излегуваат со ново соопштение со кои овие мерки во овој момент запираат!

Кои црни мерки, кои превози и паркинзи, со кого вие си играте мајтап? Со народот ли? Ако, играјте си. Народот трпи, собира, преживува, ама балонот кога се дува еден ден и ќе пукне! Е тогаш каде ќе бегате пилиња мали! Тогаш ви нема спас. А тој ден ќе дојде. Може доцни, но секој воз доаѓа порано или подоцна!

Нам не ни треба бесплатен превоз, туку да се сопре увозот и горењето на токсичен отпад!

Нам не ни треба поскап паркинг, туку да се избркаат од работа, осудат со највисока казна виновниците и конечно да сопре јавно отворениот и видно зголемениот геноцид врз македонскиот народ!

Што толку згрешивме да добиеме луѓе како вас на власт? Ние сме криви ама и ние можеме да ја исправиме таа кривица! Само треба да застанеме гордо на двете нозе, надвор, сплотени како никогаш, и да кажеме СТОП! СТОП СЕГА, ВЕДНАШ, ЗАСЕКОГАШ!

За ова не треба посебна обука, образование или мудрост. Едноставно треба желба за живот! Желба за остварување на основните права кои како на човек ни се дадени од нашето раѓање, а кои едни бедни политичари, крвопијци, мафијаши, ненаситници ни ги одземаат пред нашите очи!

Затоа излези на 31 Јануари – ПЕТОК во 15 часот и нека се чуе твојот глас! Тоа можеби веќе не е глас, затоа нека се чуе твојот КРИК! Крик поттикнат од гнев, од бес, од немир и неспокојство!

Имаш глас, употреби го!

Ајде Скопје, можеш ти! Ајде Македонијо, време е да се сплотиме како еден!

Се гледаме во петок на улица!

Со почит, тимот на УКАБУКА

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0