Дом во контејнер за безгрижен живот без долгови

Едно од најважните прашања во животот е решавањето на станбеното прашање за кое многу млади сеуште мака мачат за истото да го остварат. Станови низ државата, а особено во главниот град има еден куп, но тие со себе носат кредити кои подразбираат задолжување во наредните 10, 20 па и 30 години, каде добар дел од платата треба да се издвои за да се подмири овој месечен трошок.

Од тие но и од други причини, луѓето низ целиот свет користат разновидни материјали за изградба на дом, така што оние со поголема финансиска моќ градат полуксузни домови, додека оние кои не можат да платат повеќе, ги користат материјалите што можат да ги добијат за поевтини цени.

Тука станува збор за дом направен од транспортен контејнер, тип на живеалиште кој верувале или не е веќе присутен на македонскиот пазар и луѓето можат за само неколку илјади евра да добијат комплетно уреден нов монтажен дом, во кој можат уште наредниот ден да се вселат и да започнат нов живот во сопствено огниште.

Погледнете за што станува збор:

 

Импресивно нели. Светот оди напред а со него движиме и сите ние. Дали вие би се одлучиле за едно вакво живеалиште и каде би го сместиле доколку имате можност за истото? Покрај река, на некоја планина можеби или покрај некое од нашите прекрасни езера? Размислете … а во меѓувреме погледнете ја приказната на овој пар, кој се решил на овој чекор.

 

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0