Дали ЖЕНАТА го завзема местото на МАЖОТ?

Жената во однос на мажот, во далечното минато, била одговорна за домот и се околу домашните обврски, вклучувајќи одржување на чистота и хигиена, подготовка на сите оброци во денот, почнувајќи од готвење, поставување на маса, собирање на маса, миење садови, алишта итн итн, во превод сите можни обврски кои домот и домаќинството ги носат. Со доаѓање на дечињата таа е комплетно одговорна околу нив, за чување, хранење, шетање, воспитување, секако не запоставувајќи ги домашните обврски кои секако си остануваат нејзино задолжение. Мажот оди на работа, заработува и ги покрива сите финансиски трошоци околу домот.

Но во денешно време работите се променети. Жената оди на работа и заработува, со што трошоците се поделени помеѓу брачните другари. Да добро слушнавте, трошоците се поделени, а не и сите останати обврски. Мажот и жената одат на работа. Двајцата се враќаат преморени и додека мажот одмара, спие или чека ручек, жената чисти, готви, средува деца, алишта, садови, поставува, па пак средува маса, мие садови и така до крајот на денот.

Тогаш кои се обврските на мажот во куќата? Бидејќи веќе заедно ги поднесуваат сите трошоци, зошто сиот останат товар да паѓа на плеќите на жената?

Рамноправност = НУЛА! Ама да, тоа се женски работи!

Или последно што прочитав на ФБ: Женската му вика на дечкото дека е модерна дама, односно дека не готви, мие и пере, на што дечкото и вика дека таа не е модерна, ТАА НЕ Е ТЕПАНА!!!!

Ех „мажишта“ ни едни, да не беа жените вие сеуште ќе си бевте кај мајките да ве перат и да ви готват! Чест на исклучоци нели. Остај друго, имам еден пријател кој редовно еднаш во три месеци објавува слики на ФБ со #когаТАТОготви. БРАВО! Аплаузи! Еднаш во три месеци ќе направи еден ручек и мислиш светот го свртел. Ама ако, некој дури ни еднаш годишно тоа не го прави.

Тогаш што преостанува на мажот да направи, со што ќе и го олесни живеењето на жената и покрај сите овие секојдневни обврски? Без паника, никој не ви вика да влезете во кујна и да почнете со миење садови или готвење или пружање алишта (не дека некој ќе се фати за тоа). На вас останува да и пружите НЕЖНОСТ на вашата поубава половина. Да и посветите ВНИМАНИЕ. Од време на време, без повод и причина да и подарите една РУЖА. Повеќе да ја ГУШКАТЕ и БАКНУВАТЕ и да и кажувате и покажувате дека ја има целата ваша ПОДДРШКА и ЉУБОВ. Не звучи тешко нели?

Со почит кон сите жени и мажи

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0