Млада ИНФЛУЕНСЕРКА во подем! Родители се слушаме ли?

Мора да и одвоиме 5 минути слава на новата АНТИ-КОРОНА „инфлуенсерка“, која деновиве го „запали“ нетот со нејзината изјава за неносење маска и неверување во вирусот поради нејзините фанови и верни следбеници.

Факт е дека од време на време ќе се појави некој ваков нов лик кој смета дека пали-гаси по интернетот со својата појава, незнаејќи дека во позадина самите тие се предмет на потсмев и луѓето ја пратат само за да видат до каде тој простотилак и неукост може да отиде.

Самиот збор инфлуенсер значи да имаш влијание на туѓото мислење. Тоа значи твојот збор да има вредност и тежина, и воедно ликовите кои те пратат да го почитуваат твоето дело и мислење кое во превод значи дека веруваат во твојот интелект и расудување.

Така да драга „инфлуенсерке“, тоа што си го извадила задникот на ачик не те прави славна, ниту пак му дава тежина на твоето мислење, напротив укажува дека ти фали основно образование, некоја плус книга прочитана како би го збогатила својот оскуден речник и секако една основна почит кон себеси како индивидуа, и пред се како девојка. Тогаш би размислиле околу твоите погледи кон светот кои во моментов не допираат подалеку од твојата черга. За памет не ти е касно, бидејќи сеуште си млада, но ќе ти порачаме да си останеш барем во добро здравје ако ништо друго. Честитки до твоите родители, а ти млада дамо инфлуенсирај и понатаму …

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0