Кратка БАСНА која ќе ви го осветли денот

Мали книгички со кратки басни кои носат огромна мудрост во себе. Такви кратки четива ни сервирале нашите родители пред спиење, притоа учејќи не на вековната мудрост за животот, воедно потсетувајќи се себеси на рецептот за среќа.

Ова е приказна за човек кој оди да побара некој мудрец за да учи кај него. Вели вака:

– Кажете ми, бидејќи сте многу мудар, што има во вашиот ум?

– Во мојот ум има две кучиња: едно црно и едно бело. Црното е куче на омразата, на лутината и на песимизмот. Белото е куче на љубовта, на великодушноста и на оптимизмот. И постојано се борат.

Човекот останал зачуден.

– Две кучиња што постојано се борат?

– Да, практично цело време.

– И кое победува?

Она што повеќе ќе го нахранам.

Од вас зависи кое „куче“ ќе го храните во вашата глава. Какви ви се мислите, таков ви е животот!

Имајте убав ден.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0