Како би изгледала „Златна Бубамара“ во еден паралелен универзум

Поим за бренд, традиција и квалитет е секако манифестацијата која оваа година по 23-ти пат ќе ја засмејува и наградува Македонија, која од година во година ги руши сите граници на најпосакувана и секогаш за вишок карта барана – „Златна бубамара на популарноста„.

Нема кој не сака да оди, да види, да слушне, да исплакне очи и убаво да се расположи на таа долго очекувана вечер. Нема подобра забава и смеа од онаа што е на наша сметка.

Но дали сте размислиле некогаш како би изгледала оваа манифестација во една друга димензија, во еден паралелен универзум? Еве вака:

 

Програмата ќе биде отворена со целосна изведба на химната, испеана од нашата евровизиска претставничка – Тамара Тодевска. Без извикувања и уа довикувања, туку сите на нозе со раката положена на срце. Добар почеток нели. Предизвикот е прифатен. Готово е. Ова е крај на филмот НИШТО или СЕ!

Тука следат и дел од наградите:

  • Актер на годината – Боки 13
  • Актерка на годината – Катица Јанева
  • Режисер на годината – Орце Камчев

и да се заокружат овие незаборавни филмски остварувања, следува:

  • Филм на годината – „Рекет“

Следи блокот за музика, каде Биба Додева  заедно со други два вокали, во улогата на триото СЈО со реприза настап од 2017 година, овојпат во црно бела пругаста комбинација ќе ја изведат популарната песна во ново издание, насловена како:

„Ние сме специјалки,

ние сме генијалки,

на Луј Витонки и долки јакни!“

Минута молк, затоа што следи In Memoriam за името Република Македонија.

Следи блок награди:

  • ЕКО-компанија на годината – Цементарница УСЈЕ
  • НајЗЕЛЕНА населба на годината – Аеродром

Шлагот на тортата ќе биде објавата на крајот, каде пред сите присутни ќе биде изнесено следното соопштение, односно дека сите приходи од продадените билети одат како донација за нашиот екс премиер – Зоран Заев, како помош да излезе од бедата која го надвиснала, живеејќи само од паштети, салами и виршли.

Наскоро следи продолжение …

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0