Како да го зголемите ИМУНИТЕТОТ во овие карантински денови

Иако сме затворени по дома и над нас виснал некојси невидлив непријател кој директно влијае на нашето здравје, а нашата одбрана се сведува САМО на нашиот создаден ИМУНИТЕТ, тогаш дајте да поработиме на него и да го зајакнеме со само неколку работи кои треба да ги вметнеме во секојдневната исхрана.

Немојте да мислите дека поради вирусот и затвореноста дома некој преку ноќ ги сменил навиките за здрава исхрана или почнал да конзумира свежо овошје, зеленчук, салати и останати здрави продукти секојдневно! Тоа е чиста заблуда. Тргнете од самите вас и запрашајте се:

Што сменив во начинот на исхрана,

откако ПОРАДИ ЗАШТИТА НА СОПСТВЕНОТО ЗДРАВЈЕ сум во самоизолација?

 

Правило бр.1: Никој не може да ви забрани или наметне да не јадете пржена храна, иако на тој начин таа ги губи хранливите вредности, или да не јадете тестенини, зачинета храна, пици, хамбургери со разни преливи итн … За оброкот да биде целосен и поздрав направете како прилог една ГОЛЕМА САЛАТА! Значи јадете што сакате, ама не заборавајте дека салатата е задолжителна со секој ваков оброк! Само на тој начин придонесувате кон подобрување на вашето здравје.

Правило бр.2: Барем еднаш во денот конзумирајте овошје. Обично неколку часа откако ќе појадувате повторно чувствувате глад иако сеуште не е време за ручек. околу 12 или 13 часот е време за ужинка. Нека биде здрава. Јаболки, портокали, мандарини, киви …. изборот е ваш. Земете и некој бадем или орев за уште поголем ефект. Нека оваа ужинка ви прејде во навика.

Правило бр.3:  Пијте многу ВОДА! Само на тој начин го одржувате организмот хидриран и чист од сите штетни материи и токсини кои се насобираат во вашето тело. Газираните сокови му даваат на телото непотребни шеќери и создаваат завист за кои ни самите не сте свесни, бидејќи после првата чаша, вие не сте ја сузбиле жедта, туку напротив, сакате уште една чаша нездрави шеќери. Имајте едно шише вода секогаш со вас и дозволете оваа здрава навика сама по себе да ви прејде во навика.

Правило бр.4:  Пазарете ПАМЕТНО! Тоа што ќе купите, тоа и ќе јадете. Наполнете го фрижидерот со здрави и вкусни намирници, наместо со чипсови, разни грицки и благо цели рафтови. Секој јаде тоа што има по дома, што значи дека ако го нема, нема ни да се јаде тоа што не треба. Правете резерви од свежо овошје и зеленчук, наместо од прозиводи кои лошо влијаат на вашето здравје, ви даваат лажна ситост, се високо калорични и најмногу од се дебелеат. Не сакате после карантинот да излезете со 30 килограми вишок, нели?

Грижете се за себеси и вашето здравје, бидејќи тоа е вашата прва борбена постава против секој невидлив непријател кој сака да ве нападне!

Здравјето пред се!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0