Денес е светскиот ден на поздравот. Кажете „ЗДРАВО“ некому!

Од интересни празници и денови кои се прославуваат низ целиот свет, би го издвоиле токму денешниот. Ден кога се прославува еден од најубавите зборови, збор кој може да е почеток на убав разговор, вечно пријателство, можеби нова љубов. Толку кратко и едноставно, а толку моќно, денес е светскиот ден на зборот „ЗДРАВО“.

Со овој збор можете да ја измамите насмевката на лицето на луѓето, да стоплите нечие срце, или едноставно да социјализирате со останатите, алатка која не смееме да дозволиме да се изгуби во новиот дигитализиран свет.

Овој неофицијален празник го слават 180 земји, токму на денешниот ден, 21 Ноември, за да ја илустрираат важноста на личната комуникација за зачувување на мирот. На овој ден, луѓето се охрабруваат да учествуваат во празнувањето со едноставно поздравување на 10 луѓе. Затоа не заборавајте да поздравите некого љубезно на овој убав ден.

Секој ден нека биде полн со топли поздрави и позитивната енергија нека се шири насекаде околу нас. Денот е толку убав и толку краток за да се помине поинаку. Затоа насмејте му се на сонцето и останете во добро расположение. Здраво сонце. Здраво пријатели. Здраво убав ден.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0