Би живееле ли во оваа куќа?

„Кој вели дека мораме да живееме на земја? Треба на научиме нешто и од животните“, зборови со кои овие иноватори се обраќаат до идните потенцијални станари. NestinBox наликува на дрвена куќичка за птици, која се простира на околу 50 квадрати и опфаќа дури 3 ката со по две соби и потполно функционална кујна.

Ова е само дел од Шведската иницијатива која системот на градење на куќи за птици го пресликува на луѓето. Тие тврдат дека ова е иднината на домувањето.

За да се намали пренаселеноста на градовите, како и да се пресретне проблемот со недостаток на градежно земјиште во урбаните средини, архитектите Елизабета Габриели и Понтус Ахман во соработка со градежната компанија Moderna Trähus или „Модерни дрвени куќи“ осмислија нов вид на простор за домување – кој верувале или не, виси на карпа.

Наместо на земја, таа би се градела на карпа, на висина од приближно 18 метри.

NestinBox засега е само идеја, и за нејзина реализација е потребно од осум до десет недели за да се изгради.

Интересно нели. Дали вие би прифатиле да живеете на висина?

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0