Прво МОДА, после КОРОНА ВИРУС

Корона вирусот се шири со рапидна брзина, а светот се подготвува за превентива и заштита на своето население. Во Италија веќе има и едно заразено 4 годишно девојче, а во Велика Британија почнуваат да се затвараат и училиштата. Корона вирусот е регистриран во 25 земји од светот, а последни се Шпанија, Австрија, Хрватска и Швајцарија кои веќе ги пријавија првите случаи на заразени со вирусот кој има многу слични симптоми на сезонскиот грип, односно е пропратен со треска, кашлица, задишаност а некогаш и со стомачни проблеми.

Но не сите гледаат лошо во тоа што се случува. Наспроти медицинарите се јавија и големите модни куќи, како Фенди, Гучи и Версаче, кои креираа заштитни маски со нивното лого, со цена која достигнува и над 200 евра.

Во една од најлуксузните продавници во Њујорк, оваа маска е дел од колекцијата пролет-лето 2020, и се продава за 220$, и истата има можност да се нарача онлајн. Фенди маската на некои италијански сајтови е веќе распродадена, што кажува за фактот дека луѓето и покрај стравувањето и опасноста која ги демне, сепак внимаваат на својот стајлинг и се спремни да платат за истиот да го задржат.

Маската на Гучи на доделувањето на Греми наградите ја носеше музичката ѕвезда Били Ајлиш, која влезе во историјата со тоа што доби четири награди за песните од својот прв албум.

Прво мода, после Корона. За кого како е скроено.

Не заборавајте дека здравјето е пред се.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0