МОЌЕН ГОВОР до сите жени
До сите жени. Прочитајте до крај.
„Биди дама рекоа. Здолништето ти е премногу кратко. Кошулата е премногу ниска. Не покажувај толку многу кожа. Покриј се. Остави нешто на имагинацијата. Не биди искушувач. Мажите не можат да се контролираат себеси. Мажите имаат потреби. Изгледај секси. Изгледај жешко. Не биди толку провокативна. Сама си го бараш тоа. Носи црно. Носи високи потпетици. Премногу си облечена. Изгледаш како да си се запуштила себеси.
Биди дама рекоа. Немој да си премногу дебела. Немој да си премногу слаба. Јади. Ослаби. Престани да јадеш толку многу. Нарачај си салата. Не јади јагленохидрати. Прескокни го десертот. Биди на диета. Боже, па ти личиш на скелет. Зошто само не јадеш? Изгледаш разубавено. Изгледаш болно. Мажите сакаат жени со малку месо на нивните коски. Биди големина нула. Биди двојна нула. Биди ништо. Биди помалку од ништо.
Биди дама рекоа. Отстрани ги влакната од телото. Избели го ова. Избели го она. Отстрани ги лузните. Покриј ги стриите. Надувај ги усните. Стави ботокс на брчките. Направи лифтинг на лицето. Среди го стомакот. Подигни ги градите. Изгледај природно. Премногу се трудиш. Изгледаш претерано. Мажите не сакаат девојки кои премногу се трудат.
Биди дама рекоа. Носи шминка. Нагласи ги јаболчниците. Стави креон на капаците. Пополни ги веѓите. Продолжи ги трепките. Обој ги усните. Пудра, руменило, бронза, истакни. Косата ти е премногу кратка. Офарбај ја косата. Не во сина боја, тоа изгледа неприродно. Изгледај младо. Старото е грдо. Мажите не сакаат грдо.
Биди дама рекоа. Чувај се. Биди чиста. Не биди курва. Не спиј наоколу. Мажите не сакаат курви. Не биди горда. Не биди толку стегната. Смеј се повеќе. Задоволувај ги мажите. Биди искусна. Биди сексуална. Биди невина. Биди валкана. Биди кул девојка. Не биди како другите девојки.
Биди дама рекоа. Не зборувај премногу гласно. Не зборувај премногу. Не заплашувај. Зошто си толку мизерна? Не биди кучка. Не биди шефица. Не биди толку емотивна. Не плачи. Не викај. Не пцуј. Издржи ја болката. Не се жали. Здипли му ја облеката. Зготви му вечера. Чувај го среќен. Тоа е работа на жената. Ќе бидеш добра сопруга некој ден. Земи го неговото презиме. Си го задржала името? Луда феминистка. Дај му деца. Не сакаш деца? Ќе сакаш еден ден. Ќе се предомислиш.
Биди дама рекоа. Не биди силувана. Не пиј премногу. Не оди сама. Не излегувај премногу доцна. Не се облекувај така. Не се опивај. Не се смешкај на странци. Не излегувај ноќе. Не верувај никому. Не кажувај да. Не кажувај не. Само „БИДИ ДАМА“ рекоа. “
А сега опуштете се. Ставете си чаша вино и кренете ги нозете горе. Пуштете си добра музика и само релакс. Вие сте жена. Вие сте дама. Вие сте човек пред сѐ.