Свекрва – Баба или втора мајка на твоето дете

Исповед на една мајка …

Ова се случи еден убав летен ден минатата година. Како секој ден, така и денес уште рано рано додека не фатиле горештините се спремивме со моето дете (кое има годинка и некој месец), и тргнавме во прошетка накај градскиот парк. По пат не одмина една баба исто со детенце во количка (некој месец помало од нас) и ни започна муабет. Една реченица ме замисли кога рече: „Еве и ние излеговме наутро да прошетаме додека е ладовина, па после продолжуваме со сите останати активности, како да сум на лента„… Како да сум на лента! Остана да одекнува тоа во мојата глава. Си посакавме убав ден и секоја си тргна по својот пат.

Прашањето е дали свекрвата (или вашата мајка) треба да биде БАБА која кога ќе го види своето внуче силно ќе се израдува, со мерак ќе си игра и нема да посака да го испушти од раце бидејќи ќе може непрестано да го гушка и бакнува, или пак треба да биде ВТОРА МАЈКА која додека родителите се на работа го чува, си игра, го храни и негува, со еден збор го расте тоа дете?

Според мене, таа треба да е само БАБА на своето внуче. Тоа мало дете бара работа – постојана работа преплетена со многу трпение, енергија и сила. Тоа дете треба да се пресоблече, треба да му се припреми јадење и соодветно да се нахрани, да се успие, треба да се држи во раце, да се учи да оди, што значи постојано да се пази на него и да се придржува, да се шета, да се носи на лулашки, да се дружи со други дечиња итн итн …. Тоа подразбира работа драги мои!

Епа таа баба своето си го одработила. Израснала едно или повеќе свои чеда и сега не случајно и е време да биде БАБА, а не (втора) мама.

Затоа постои решение: ГРАДИНКА! Златна градинка. Место каде ќе се грижат за детето, каде ќе биде опкружено со свои врсници, каде ќе биде и пресоблечено и најадено и наиграно!

Затоа мој добронамерен совет до вас мајки е да оставите бабата да биде тоа што и треба да е … БАБА!

Имајте убав и насмеан ден.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0