15 октомври 2024
ПоследноУтринско разведрување

Кој е расположен за една зимска даска?

Салама, кашкавал, свински врат, чајна, сирење и уште по нешто. Поховани тиквици, зденки, кашкавал, пирошка со прилог тартар сос. Вкусно но здодевно. Едно те исто секаде и секогаш. Дајте промена барем на вашата маса и направете даска по ваш вкус и избор.

За промена нека не биде натрупана. Суптилно наместени, внимателно избрани намирници за душа, квалитетно фино вино и секако добро друштво. Во домашна атмосфера, по некоја свеќа и тивко музиче, или  можете да го спакувате во една кошница спремна за еден пријатен пикник на Козјак. Природа, воздух, поглед, мезе, вино, љубов.

 

Изберете некое убаво сирење или кашкавал по ваш избор. Додајте по некое парче вкусна пршута, маслинка, некое оревче или пак некој лешник. Збогатете ја даската со здраво и вкусно овошје, како што е дињата која совршено иде со ваквите јадења, малку грозје, круша или друго слатко овоштие. Виното и кристалните чаши се задолжителни.

Животот е убав за тој што знае како да го живее. Само толку треба за парче среќа. Уживајте во секој момент кој животот ви го нуди и внесувајте новини на свој уникатен начин. Сакајте се себеси, вашите ближни и луѓето околу вас.

Затоа што животот е убав …

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0