Животот е убав … ако знаеш како да го живееш!

Брканица. Животот е една опасно брза брканица со времето. Додека да се свртиме тој поминал. Бесшумно, на прсти како крадец, се оддалечува од нас, и заминува во темнината. Затоа да не заборавиме да живееме, не во минатото и не за иднината, туку сега и тука, денес и во овој момент. За ништо и за никого да не ја симнуваме насмевката од нашите лица.

Ама луѓето биле лоши, злобни, газеле преку сè за да стигнат онаму каде што се. И?! Дали поради такви ликови вреди да сте нерасположени, несреќни, депресивни? НЕ! Тоа се тие, а вие сте си вие! Вашите патеки може ќе се преплетат меѓусебно, а може и ќе се разидат.

Убавината во тоа е што не сме дрва!

Корените не ни се длабоко пуштени под земја па да не можеме да мрднеме од место ако „климата“ не ни прилега. Станувате и бирате нова локација, нова дестинација, нова животна авантура. Без разлика дали станува збор за работа, партнер, пријател, место на живеење, буквално се она кое е менливо во животот, а тука можностите се неограничени. А сè се движи и сè се менува. Исто како и ние. Само треба да го препознаеме добриот бран кој надоаѓа, и да го јавнеме како прави сурфери и да си дозволиме да го осетиме адреналинот на непознатото, на свежината на новиот воздух кој не преплавува, на глетката пред нас која ни го зема здивот, на сонцето кое не гали со своите нежни зраци и продира во нашето тело исполнувајќи го со мир и блажина.

Не колку ДОЛГО, туку колку ДОБРО сме го живееле животот е суштината на нашето постоење!

Ајде да бидеме во мир со себеси. Да научиме да живееме спокојно и секогаш да гледаме пред и околу нас. Како ќе го промениме светот ако не сме спремни да се промениме себеси пред се?

Да се смееме повеќе. Да ја тргнеме нервозата на страна. Да го тргнеме стресот подалеку од нас и да се препуштиме на убавите емоции кои се насекаде околу нас. Само треба убаво да погледнеме и тие сами ќе испливаат на површина.

Сонце, небо, воздух. Кафе, портокал, вода. Јас. Поубаво здравје.

Затоа што секој ден е важен. Уживајте во денот. Нека ни е честит Свети Петок.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0