Медицински КЛАСТЕР на НЕФРОЛОГИЈА причина за смртта на пациентка! Ќерката бара ПРАВДА и ОДГОВОРНОСТ!

Ако социјалните медиуми секојдневно ја зголемуваат својата моќ, тогаш дајте да помогнеме овојпат правдата да ја пронајде нашата сограѓанка – Нина Стојановиќ, која ја изгуби својата мајка поради невнимание на системот. Имено нејзината мајка се заразила со фаталниот вирус на клиниката за Нефрологија, каде дури 32-ца здравствени работници биле заразени со Ковид 19, и некои од нив биле и хоспитализирани. Сознанијата на ќерката на починатата велат дека сево ова е последица на непочитување на протоколите за спречување на вирусот и дека дел од медицинскиот персонал на клиниката бил во тоа време на прослава во ресторан, што било директна причина за брзото ширење на вирусот и формирање на кластер во клиника во која се лекува една од најранливите групи на болни.

Зарем вреди за една прослава во ЕК на ПАНДЕМИЈА да се загуби еден човечки живот? Каде е вашата одговорност како доктори и медицински персонал, кој ја избрал оваа професија по своја желба, да се грижи за граѓаните, за секој поединец со целосно посветување и внимание кое секој човек ја заслужува? За тоа сте положиле заклетва, за тоа работите, кон тоа е посветен целиот ваш живот, поради што сте го заслужиле епитетот Богови на Земјата, бидејќи сте ЧУВАРИ на нашето здравје. Дали тоа вреди за тагата која семејството на Нина сега се соочува? Ова се нејзините зборови …

Мајката на Нина е веќе отидена и нека и е лесна земјата. Со обвинувања и барање правда таа секако нема да ја врати, но ОДГОВОРНОСТ мора некој да поднесе!

Да, ова е Македонија и сè се заташкува, прикрива, заглавува во судски процеси, НО мора од некаде системот да почне да се менува.

Ова нека биде моментот кога правдата ќе биде исполнета и виновниците ќе бидат казнети! Медицински КЛАСТЕР ПОСТОИ и многу лица се веќе заразени и починати поради тоа. Луѓето нема да се свестат и да превземат одговорност за своите постапки ако постојано ваквите работи поминуваат неказнети! ПОДДРШКА ЗА НИНА! Да се расветли и открие случајот до крај. Да се казнат виновниците. Да се обелодени вистината. Само вистината ослободува. За ПРАВДА во МАКЕДОНИЈА!

Само напред Нина, ја имаш нашата безрезервна поддршка!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0