Бог го сакал покрај себе. Царство небесно Славиша Кајевски!

Тажна вест се огласи утрово, кога Македонскиот народен театар ја објави веста за прерано заминатиот актер – Славиша Кајевски (1982 – 2021). Кон царството небесно замина голем човек со огромно срце и талент кој немаше граници.

Пријател, соработник, актер, човек кој гласно зборуваше без влакна на јазикот, искрено и неуморно. Почивај во мир голем човеку. Нека ти е лесна земјата.

Комеморацијата е утре во МНТ, петок, 03.12.2021 година во 10:00 часот, а погребот е во 12:00 часот, во капелата Ѓорче Петров. Бог те сакал покрај себе …

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0