Работа од 8 до 18 часот, а време за фамилија кога?
Какви времиња дошле, да сите сме претворени во програмирани роботи кои ги извршуваат сите обврски и активности веќе и рутински, без жар и позитивна енергија која порано не дигала до облаците, по што сме биле спремни и да го освоиме светот.
Наместо на работа од 7 часот како што отсекогаш било, сега започнуваме од 9, а некои дури и подоцна. Со самото покасно започнување на работа, се продолжува и времето за заминување дома, со што автоматски се скратува времето поминато со фамилијата.
Дали новото време не претвори во безживотни роботи, така што во најубавиот дел од денот сме машини за правење пари, по што во доцните часови уморни не испраќаат дома, каде откако ќе ги завршиме домашните обрвски ќе бидеме преморени да посветиме макар 15 минути на своите деца кои цел ден чекале да не видат и да си поиграат со нас?
Запрашајте се,
дали ЖИВЕЕТЕ ЗА ДА РАБОТИТЕ или РАБОТИТЕ ЗА ДА ЖИВЕЕТЕ?
Да, секако дека мора да се работи за да се заработи. Да, чекаат сметките на маса, фрижидерот да се наполни, алишта и обувки нови да се купат, на одмор да се отиде барем на неколку дена, но дали вреди животот да се помине во заработување за подмирување само на овие работи? И уште поважно, дали поголемиот дел од денот ви е посветен на работата отколку на фамилијата? Дали повеќе и поквалитетно време двоите за да завршите некоја работна обврска, отколку во игра и разговор со вашето дете?
Тогаш приоритетите се некако измешани. Не може работата да е пред фамилијата. Вие работите за да одгледате фамилија, но не по цена да не си ја гледате фамилијата. Во трката за пари, забораваме што е најважното во животот, и додека да се свртиме тие веќе го напуштиле нашиот дом и се спремаат да основаат своја фамилија. Животот е краток и тој ќе пројде додека да се свртите и кажете АМА …
Седнете и размислете. Дали е време за промена на работното место? Во годините поминати во работа за друг може и го научивте бизнисот и сте спремни да започнете нешто свое. Сам свој газда. Дајте си време за себе, за фамилијата, за најблиските, за пријателите. Не се само сабота и недела ден за фамилија, туку и секој друг ден во неделата.
Пронајдете го балансот во вашиот живот. Работете за да живеете, а не обратно!
Уживајте во животот и неговите убавини. Еден е!