ЧИА – Нов тренди локал во Скопје кој ви дава крила!

Нешто што особено не радува и на кое се гордееме како вечни поборци за здрава храна и негување на здрави навики во животот е фактот што полека но сигурно луѓето во Македонија се освестуваат за важноста на здравата храна и нејзиното позитивно влијание врз целокупното физичко и психичко здравје.

Ви го претставуваме новоотворениот локал за здрава храна и напитоци – ЧИА, сместен во срцето на Аеродром, Острово, веднаш до новото игралиште за мали и големи деца, каде ќе се рекреирате но и здраво ќе се храните.

Разговорот го водевме со Боби Трајковски, еден од сопствениците на ЧИА …

• Од каде дојде идеата за ЧИА?

– Од кога заминав да живеам во Катар, се префрлив целосно на здрав начин на живот. Фитнесот и квалитетните калории ми станаа секојдневие. Еден јаткаст плод поточно чиата ми стана секојдневен доручек.

• Што вкусно ќе можат посетителите да пробаат?

– Протеински чиа пудинзи, смутиња, свежо цедени сокови, над 30 различни десерти без додаден шеќер, домашни путери и кафе.

• Колку здравиот оброк е важен за одржување на фит тело?

– За разлика од фитнесот, најважно е што внесуваме во нашето тело. Здравите калории делуваат позитивно на вашето расположение, фокус, сила, енергија и секако на целокупното ваше здравје.

• Дали свеста на Скопјани за потребата од секојдневен внес на здрава храна се качува скала погоре?

– Не само на Скопјани, туку општо на луѓето свеста се качува со неверојатна брзина зошто имунитетот не смееме да дозволиме да кризира па тогаш да внесуваме повеќе витамини и минерали. Тоа треба да е дел од нашето секојдневие.

• Боби, ти како „стар“ Аеродромец, ќе ни кажеш ли зошто одлуката падна токму на оваа локација?

– Локацијата е фантастична, ние сме дел од најновиот урбан парк со игротека за деца на отворено, фудбалски терен и справи за вежбање. На 2 минути е кејот, и во околина има над 5 теретани. Во Аеродром фалеше ваква healthy дестинација. 

• Торти, колачи и разни слатки задоволства со НУЛА шеќер во себе, а сепак вкусни и задоволувачки дури и за пребирливите. Како е можно тоа?

– Тајните нема да ви ги одкриеме но сигурни сме дека ке ви се допаднат нашите десерти без шеќер.

• Посетата на вашиот локал на вашите клиенти ќе им даде крила! Што значи тоа?

– Крилјата освен за сликање за социјалните медиуми исто така имаат значение дека се е возможно, дека треба силно да верувате во самите себеси и во вашата визија, и ке постигнете се што сте наумиле.

• ЧИА допрва стартува, но која е вашата визија за 10 години од сега?

– За 10 години неможам да ви кажам, но може да ви кажам дека за 2022 година ке имаме втора феноменална локација на CHIA.

Знаете како велат: „Во здраво тело, здрав дух“. Во здрав дух, силна волја. Каде има силна волја, има порив за чекор напред. Поривот за чекор напред не води кон освојување на сите планини, врвови, непристапни и пристапни места, како во природата и светот, така и во нашиот ум, свест и потсвест.

Ви посакуваме многу успех во работата и се надеваме дека дури и најтврдокорните „хамбургерџии“ и „бурекољупци“ ќе ги преобратите и ќе створите од нив вистински уживатели во здрав оброк. Нека ова биде само почеток на една интересна приказна која ЧИА долги години ќе ја раскажува. Само напред момци!

А вие драги наши читатели, не заборавајте:

„Во здраво тело, нема хамбургерче врело.
Земи си ЧИА пудинг в рака и со килограмите ќе си немаш мака.“

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0