Македонија ќе го следи примерот на Холандија
Владата донесе нови мерки кои ќе ja разбрануваат македонската јавност и ќе бидат мета на разни бурни критички реакции но и на позитивни критики од страна на народот. Во ноќните часови таа одлучи Македонија да го следи примерот на Холандија и да се отвори кон создавање на ГРУПЕН ИМУНИТЕТ!
Тоа значи СПАС на ЕКОНОМИЈАТА и делумно избегнување на кризата која започна и зема се поголем замав во нашата земја. Ќе се отворат сите локали, молови, индустрии и најважно од се е дека ќе се отворат границите и аеродромите. Сите оние кои треба да патуваат поради работни обврски и останати активности ќе можат слободно тоа да го направат, секако на своја одговорност.
Единствени за кои останува строгиот карантин (доколку постои желба, иако деновиве сме сведоци на создавање на гужви, редици, буткање и непочитување на правилото за 2 метри особено од страна на постарите луѓе) на лицата над 65 годишна возраст, хронично болните и секако трудниците. За нив се препорачува да останат во домашна изолација, додека фамилијата и роднините им се на располагање за сите нивни потреби, како и сите волонтери и хумани луѓе кои ја подаваат својата рака за помош на најранливата група на граѓани погодени од овој невидлив непријател.
Знаете што ќе кажеме следно, нели. АПРИЛИ ЛИЛИ! Карантин и полицискиот час продолжува. Изолацијата е повторно во прв ред. Тоа и го сакавме нели, вонредна состојба?
Но, од друга страна, откако гледаме што се случува околу нас, на страна целото непочитување на правилата од страна на поединци, колку од вас се реално спремни и отворени за оваа мерка?
Дали ние во зимскиот период, јануари, февруари имавме еден опасен вирусен наплив, со огромен број заболени, кога очајно баравме затварање на градинки и школи, кога болниците беа преплавени, кога владеееше грипот и високата телесна температура која траеше и до 7 дена? Делумно истата ситуација е и сега, со тоа што гледаме дека затварањето во своите домови не ја решава ситуацијата! Бројот на заболени расте и ќе расте, земјата тоне во долгови и допрва следува период кога македонскиот граѓанин ќе се најде во безизлезна ситуација! Дајте да го пребродиме овој период сложно и заедно, на вистинскиот начин!
Владата наместо да не затвори дома, нека воведе намалување на цените на производите кои влијаат на сузбивање на овој опасен вирус. Намалување на цените на овошјето и зеленчукот, основните производи кои ќе придонесат кон зајакнување на нашиот имунитет и ќе ни помогнат заедно да ја пребродиме оваа криза, наместо да ја продлабочиме дополнително. Со природата против природата!
Кој е за?