Еве зошто ја препорачуваме книгата „Будење на СВЕСТА“

Веруваме дека повеќето од вас веќе имаат слушнато за делото кое во овие чудни услови на пандемија ги руши многуте македонски стереотипи и поставува нови стандарди во литературата од домашни автори. Добитник на признанието „Најпродавана книга од македонски автори за 2020 година“, книга која го оствари своето шесто издание, како и едно англиско издание, но и онлајн достапна на светот, делото на Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ „Будење на свеста“, која ќе ве однесе во една друга сфера на битисување, каде на чело со енергијата ќе ви бидат дадени насоки и техники на комплетно себеостварување, како и себереализација низ призмата на откривање на личната вистина, до менување на личната свест како главна алатка за реобликување и моделирање на колективната свест.

Еве неколку извадоци од ова интересно четиво, кое топло ви препорачуваме да стане дел од вашата домашна библиотека:

– „Колективната свест е загадена. Дојдени сме до стадиум на верувања и вредности кога ни е многу поважно ДА ИМАМЕ отколку ДА БИДЕМЕ. Се воодушевуваме на голема куќа, наместо на хармоничен дом. Повеќе им оддаваме почит на нашите познајници и таканаречени пријатели отколку на нашето сопствено семејство. Сакаме брзи пари повеќе отколку чесна работа и заслуга. Честопати се жалиме, а ништо не преземаме. Ги прифаќаме туѓите размислувања како сервирани факти, наместо да ги проверуваме информациите. Свесно ја уништуваме земјата, наместо да ја заштитиме. Живееме во општествена колективна несвесност, размислуваме со групен ум, дозволуваме да не движи колективното, наместо да сме слободоумни, опуштени, смирени, самоуверени, самокритични, среќни, исполнети, полни со љубов, свесни битија.“

– „Доколку сакаме да донесеме баланс во светот, потребно е најпрво ние да бидеме во баланс.“

– „Треба да размислуваме за нештата кои ги сакаме, наместо за работите кои не сакаме да ни се случат и кои не сакаме да ги имаме. Да не бидеме против војната, туку да бидеме за мирот. Да не бидеме против лошите чувства и негативните мисли, туку да бидеме за убавите чувства и убавите мисли. Колку повеќе се фокусираме на она кое не го сакаме, и му даваме енергија, значење и емоција, толку повеќе го привлекуваме. “

– „Целта на животот е она кое можеме да го направиме сега! Чекор по чекор, километар по километар. Нема да започнеме со животот кога ќе стигнеме до другата дестинација, туку животот е сега. Целиот пат и сè што се случува по патот, е момент на нашата свесност. Животот не е пат. Животот е музика.“

Се надеваме дека ви доловивме барем дел од оваа фантастична книга која веруваме дека откако ќе ја прочитате ќе сакате да се навраќате на делови од неа повторно и повторно. Читајте книги и уживајте во животот. Еден е. 

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0