Пуштена инспекција во градинката каде деца шизат на „Жена од султана“!

Откако цел ден се изнаслушавме секакви коментари за малиот Петар кој со својата искреност ни ги згреа срцата, дојде време да видиме како се однесуваат и на што ги учат „вторите мајки“ на нашите деца, воспитувачките во градинките каде турбофолкот е пуштен на најјако.

Бидејќи во вакви модерни времиња секоја група во градинките си има посебна група на Фејсбук каде се споделуваат слики и видеа од децата и нивните активности во текот на денот, така во оваа „посебна“ група сакале или не, се шизи на српски турбофолк. Погледнете за што станува збор:

Секој има право по дома да слуша што ќе си посака, но на 5 годишни дечиња да пушташ: „Кад ми љубиш врат на грех мирише, а знаш да ти смрт за вратом дише“ е тоа не да е за инспекција, тоа е за моментална дисциплинска мерка на воспитувачката!

Уште се обраќа и со зборовите: „Јас не ве слушам дека ја знаете, ќе ја исклучам, ПЕЈТЕ, не ве слушам!“ ?! Тоа воспитувачката може по дома да си слуша, но никако да наведува и наметнува ваква музика, особено затоа што постојат родители кои не само што не слушаат ваква музика, туку се и против ваков невкус и шунд. Секој за своето.

Градинките се воспитно-образовни ИНСТИТУЦИИ, каде скоро 8 часа детето поминува со други дечиња и воспитувачки кои буквално им се втори мајки, бидејќи заедно со родителите учествуваат во нивно оформување во здрави индивидуи, допринесувајќи во создавање на култура и општо добро однесување покрај останатото.

Ова се последиците кога квалитетот на кадарот се мери со партиска книшка!

Но никогаш не е доцна тоа да се промени, така …

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0