Зошто да купите ЕДНА СКАПА наместо ДЕСЕТ ЕВТИНИ играчки
Дали знаете колку играчки има вашето дете? Со колку од нив тоа навистина си игра, а колку од нив се некаде складирани и тргнати во кеси и кутии? А колку од играчките се веќе искршени и фрлени во ѓубре бидејќи едноставно не биле веќе интересни за играње?
Целиот пазар на играчки е преплавен со пластика увезена од Кина. Луѓето ги купуваат дека реално тие не се скапи и цените се движат од 100 денари па нагоре. Но ако соберете стотче по стотче, ќе видите дека вие сте вложиле во обична пластика многу пари!
Ваквото импулсивно и навидум „евтино“ купување е буквално меч со две оштрици. Од една страна купувате „само“ по една играчка на ден, ама кога ќе се собере вие всушност сте потрошиле цело богатство на обично „ѓубре“ кое лесно се крши и после е буквално неупотребливо, додека од друга страна големиот број на играчки во најголем број случаи има обратен ефект кај детето и наместо да научи да се заигра со едно, тоа е преплавено од сите страни со разни играчки и не само што нема интерес кон ниту една туку и не учи да ги чува истите и се однесува немарно и без почит кон нештата во кои вие сте вложиле пари.
Затоа се купува ЕДНА ама ВРЕДНА! Наместо десет пластични играчки, купете една ама дрвена. Таа нема крај, не се троши и НЕ СЕ КРШИ! Ќе ја зачувате не само за наредните дечиња, туку и за вашите внучиња!
Вам само ви изгледа скапо бидејќи ги давате парите одеднаш, но соберете ги сите играчки на куп и ќе видите дека истите пари вие веќе сте ги потрошиле на неквалитет и пластика.
Вложете во ЛЕГО играчки. Тие не само што немаат крај, туку истите се надградуваат како вашето дете расте. Пример земате еден сет со возови и пруги. Детето ќе си игра и ќе ги мести на илјада можни начини истите играчки и ќе ужива правејќи го тоа, а тие ќе останат неуништени, здрави и спреми за користење и во наредните години. Нареден поклон нека биде надградба на истите возови, кои реално ЛЕГО ги нудат. Во тоа е и предноста на ваквиот тип на играчки. После подолг период наместо да се тргне играчката вие ја „апдејтирате“ односно надополнувате играта и таа повторно е интересна. Пробајте, нема да згрешите.
Не купувајте 100 играчки за една употреба,
купете 1 играчка за цел живот!